Северозападен Мекленбург
| Северозападен Мекленбург Landkreis Nordwestmecklenburg | ||
|---|---|---|
| округ | ||
| ||
| Земја | ||
| Покраина | Мекленбург-Западна Померанија | |
| Седиште | Висмар | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 2.117 км2 (817 ми2) | |
| Население (31 декември 2022)[1] | ||
| • Вкупно | 160.288 | |
| • Густина | 76/км2 (200/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Рег. таб. | NWM, GDB, GVM, WIS Висмар: HWI | |
| Мреж. место | nordwestmecklenburg.de | |
Северозападен Мекленбург (германски: Nordwestmecklenburg) — округ во северозападниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на брегот на Балтичкото Море и се граничи со сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн на запад. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Росток, Лудвигслуст-Пархим и слободниот град Шверин, округот Лауенбург и слободниот град Либек во Шлезвиг-Холштајн. Административното седиште на округот е во градот Висмар.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Округот е сместен во триаголник помеѓу градовите Либек, Росток и Шверин. На север се простира балтичкиот брег со малиот остров Пел; две големи езера се делумно сместени во Северозападен Мекленбург: источната половина на Шалското Езеро (23 км2) на западната граница и северната половина на Шверинското Езеро (63 км2) на југ, како и едно помало езеро, Меховско Езеро (1,6 км2).
Историја
[уреди | уреди извор]Округот бил создаден во 1994 година со спојување на претходните окрузи Гадебуш, Гревесмилен и Висмар и помали делови на окрузите Штернберг и Шверин-Ланд. При административната реформа во 2011 година, бил споен со поранешниот слободен град Висмар.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011 година.[3]
Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Слободни градови | Слободни општини |
|---|---|
| Општински заедници | ||
|---|---|---|
|
|
|
| 1седиште на општинската заедница;2град | ||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- 1 2 „Административна реформа во Мекленбург-Западна Померанија“. Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 5 септември 2011.
- ↑ „Резултати од референдумот“. Посетено на 5 септември 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Северозападен Мекленбург на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
| ||||||||||||
53°50′N 11°10′E / 53.83°N 11.17°E
|