Средноевропска Низина

Координати: 54°00′N 14°00′E / 54.000° СГШ; 14.000° ИГД / 54.000; 14.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Северноевропска Низина)
Средноевропската Низина означена со зелено.

Средноевропска Низина (наречена и Северноевропска Низина) — геоморфолошки регион во Европа, и тоа претежно во Полска, Данска, Германија, Белгија, и Холандија (Ниските Земји), со мали делови во северна Франција и Чешка.

Сочинет е од ниските рамници помеѓу подрачјата со херцинска орогенеза на југ и брегот на Северното и Балтичкото Море на север, одвоени од полуостровот Јитланд во Данска. Оваа низина е поврзана со Источноевропската Низина, заедно образувајќи ја големата Европска Низина.

Географија[уреди | уреди извор]

Низината има надморска височина од 0 до 200 м. Во најголем дел се состои од обработливи површини, но има и тресетишта, вресишта и езера.

На северноморскиот брег се среќава пространото плимно подрачје Ваденско Море. На балтичкиот брег се слатководните лагуниШчеќинскиот, Висланскиот и Курскиот Залив.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Средноевропската Низина ги опфаќа Фландрија (северна Белгија и северна Франција), Холандија, Северна Германија, Данска и најголемиот дел од средишно-западна Полска; во мали делови навлегува во Чешка[1] и југозападна Шведска. Во оваа смисла може да се нарече и Северноевропска Низина.

Некои сметаат дека низината опфаќа и делови од Источна Англија поради нејзиниот низински карактер и нејзината поврзаност со континентот во текот на последното ледено време. Северноевропската Низина се протега и по дното на Балтикот.

Реки[уреди | уреди извор]

Најкрупни реки кои се одводнуваат во низината се Рајна, Емс, Везер, Елба, Одра и Висла.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pavel Boháč, Jaroslav Kolář (1996): Vyšší geomorfologické jednotky České republiky. Český úřad zeměměřický a katastrální, Praha, 1996, 54 s. ISBN 80-901212-7-6

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

54°00′N 14°00′E / 54.000° СГШ; 14.000° ИГД / 54.000; 14.000