Северна Кореја на светските првенства во фудбал

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја двапати досега настапила на Светските Првенства: во 1966 година и 2010 година.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

1966 во Англија[уреди | уреди извор]

По дисквалификацијата на Јужна Африка и поради повлекување поради логистички причини на Јужна Кореја, Северна Кореја добила шанса да се натпреварува во плеј-оф натпреварот против Австралија, сè со цел да се квалификуваат, при што биле поуспешни со вкупен резултат од 9-2.

Во третиот и одлучувачки натпревар во групата, Северна Кореја ја победила Италија со 1-0, која претставувала кандидат за освојување на првенството, и со тоа влегла во втората фаза. До тогаш немало тим од Азија кој го поминал првиот круг  и направила таков подвиг, сè до 1994 година, кога Саудиска Арабија го достигнала вториот круг односно во најдобрите 16 репрезентации.

Во четврт-финалето против Португалија, Северна Кореја успеала да поведе со резултат од 3-0 по 22 минути игра, но резултатот бил завртен со конечен скор од 3-5, благодарение на португалската ѕвезда Еузебио кој постигнал четири гола.

2010 во Јужна Африка[уреди | уреди извор]

Во нивната последна квалификациона група, Северна Кореја поминала во вториот, во пресрет на двата натпревари против Саудиска Арабија и Иран, за директен пласман на Светското првенство во 2010 година.

Овој пат, тие не успеале да направат неочекуван резултат. Уште еднаш, Северна Кореја морала да се соочи со Португалија, овој пат во групната фаза, со пораз од 7-0 во полза на португалскит тим.

Рекорд на Светските првенства[уреди | уреди извор]

Година Рунда Позиција GP П Н* П GS GA
1930 до 1962 Не се квалификувале - - - - - - -
Англија 1966 Четврт-финале 8 4 1 1 2 5 9
1970 Се повлекле - - - - - - -
1974 Не се квалификувале - - - - - - -
1978 Се повлекле - - - - - - -
1982 до 1994 Не се квалификувале - - - - - - -
1998 до 2002 Без учество - - - - - - -
2006 Не се квалификувале - - - - - - -
ЈАР 2010 Групна фаза 32 3 0 0 3 1 12
2014 до 2018 Не се квалификувале - - - - - - -
Total 2/21 7 1 1 5 6 21
Натпревари на Светските првенства (Екипни)
Total : 1 Победа – 1 Нерешено – 5 Порази– 7 одиграни натпревари
Против Победи Нерешени Порази Вкупно Против Победи Нерешени Порази Вкупно
 СССР 0 0 1 1  Брег на Слоновата Коска 0 0 1 1
 Чиле 0 1 0 1 - - - - -
 Италија 1 0 0 1 - - - - -
 Португалија 0 0 2 2 - - - - -
 Бразил 0 0 1 1 - - - - -

Наводи[уреди | уреди извор]