Северна Џакарта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Северна Џакарта
Административен град Северна Џакарта
Kota Administrasi Jakarta Utara
Pinisi Sunda Kelapa.jpg
Ancol Beach Jakarta Sunset RT.jpgMasjid Luar Batang - panoramio.jpg
Sunset at Ancol.jpgEreveld Ancol - Monument.JPG
Sailboat Jakarta bay.JPG
Од горе, лево кон десно: Сунда Келапа, плажата Анкол, Џамија Луар Батанг, Мост, Споменик Еревелд, Залив Џакарта
Амблем на Северна Џакарта
Амблем
Jakarta utara.png
Површина
 • Вкупна146.66 км2 (56.63 ми2)
Население (попис од 2010)
 • Вкупно1.645.312
Часовен појасIWST (UTC+7)
Мреж. местоutara.jakarta.go.id

Северна Џакарта е еден од петте административни градови коj го формира регионот на Џакарта, Индонезија. Северна Џакарта ја содржи целата крајбрежна област на округ Џакарта. Во северна Џакарта, во областа каде што се влива реката Чилинг, беше главната порта на царството Таруманегара, кое подоцна станало Џакарта. Многу историски места и артефакти на Џакарта можат да се најдат во Северна Џакарта. Во градот се наоѓаат двете пристаништа на Танџунг Приок и историски Сунда Келапа. Според пописот од 2010 година градот,има 1,645,312 жители чиј административен центар е во Танџунг Приок.

Северна Џакарта обилува си оригиналните природни убавини како што е шумата на манго, која при развивање на градот била делумно претворена во урбани средини. Сепак, проектот за пошумување со цел за садење мангро на површина од 400 хектари бил донесен во 2011 година и требало да заврши во 2012 година. Главната цел на проектот било да се минимизира абразивност во крајбрежната област, особено околу областа Пантаи Инда Капук. [1]

Северна Џакарта е ограничена со Јава Море на север; Бекаши на исток; Западна Џакарта , Централна Џакарта и Источна Џакарта на југ; и Танганга на запад.

Историја[уреди | уреди извор]

Работници кои работат (перат) на реката Чилинг во Пасар Бару, околу 1915 и 1925 година.

Денешниот град Џакарта израснал од областа која сега е Северна Џакарта својот развој го започнал во 5-тиот век на устието на реката Чиливунг-Анкке како пристанишниот град Сундапура (сега близу Тугу, Џакарта и Бекаси), тој бил главното пристаниште на Кралството Таруманегара во време на кралот Мулаварман.

Во текот на 16-тиот век, градот ја покрил само областа на сегашната северна Џакартаи и станал познат под тоа име. Системот на владеење во Џакарта бил сменет повеќ пати, вклучувајќи ги и промените на владетелите и менувањето на границите на административната област. Оваа област се состоеше од три форми на власт: прво, градската влада, која била контролирана директно од Господарот на Џакарта (чие подрачје се наоѓа во денешното пристаниште на Анкке); второ, владата на државата контролирана од страна на водачите инфериорени во однос на Господарот на Џакакарта (чие подрачје се наоѓа во она што сега е Пасар Икан и Кота),иа трето, владата од целиот свет (чие подрачје е лоцирано во она што сега е Танџунг Приок .

На почетокот на 17 век, областа била контролирана од кинеската власт која подоцна била подложна на Холанѓаните во Источна Индија.

Во 1854 година, Законот за Комбинатурите 1854 ја поделил областа на Џакарта во три категории: Воорстеден (предградието), Регентшап Батавија (Регентство на Батавија) и приватни области (надгледувани од Одделот за безбедност - Афделинг I)

Владиниот систем повторно се смнил во 1905 година. По формирањето на Гаменте Батавиа, областа околу заливот Џакарта била трансформирана во округ Батавија, кој го вклучува и Дистрикт на Пенџаринган , Танџунг Приок , Местер Корнелис и Бекаши. Во меѓувреме, Таџунг Приок бил под контрола на Хавен Директие.

Кога во регионот влеглаЈапонија, формата на владата се сменила во Шику (окружно ниво), па Северна Џакарта била поделена на области како што се Шику Пењаринган, Шику Тањунг Приок и Шику Бекаши.

По формирањето на Унитарната Република Индонезија на 17 август 1945 година, заливот Џакарта бил поделен на неколку административни региони: Пенџаринган, Танџунг Приок и Бекаши. Овие региони се контролирани од страна на градоначалникот на Џакарта Раја, кој е дел од Западна Јава.

Во 1957 година, по формирањето на Котапаја Џакарта Паја, областа на заливот Џакарта била трансформирана во Котамаџа Џакарта Утара или "Град Северна Џакарта". [2]

Северна Џакарта
Манга Дуа

Владата на Северна Џакарта планирала развој на туризмот во Северна Џакарта во рамките на 12-те крајбрежни дестинации.

Стадион[уреди | уреди извор]

На 28 мај 2014 година бил направен нов стадион од 12,5 хектари за да го замени стариот стадион Лебак Булус кој бил урнат за потребите на масовниот танспот во Џакарта. Новиот проект за стадионот чинел 103.2 милиони долари, стадионот е опремен со модерен главен штанд од 50.000 седишта, 2 полиња за обука и вклучува и воден парк, патека за трчање, велосипедска патека, изложбена сала и други рекреативни објекти во околината. [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. iast (February 19, 2011). „2 Juta Mangrove untuk Pesisir Jakarta“. id.wisatapesisir.com (Indonesian). конс. February 26, 2011. 
  2. „Kota Jakarta Utara“. IANN News (Indonesian). Manan Foundation. конс. February 26, 2011. 
  3. „Joko Breaks Ground on Tanjung Priok Stadium“. May 28, 2014.