Северен бел носорог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Северен бел носорог
Мажјак северен бел носорог во Парк за диви животни Сан Диего.
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Perissodactyla
Фамилија: Rhinocerotidae
Род: Ceratotherium
Вид: C. simum
Подвид: C. s. cottoni
Триномен назив
Ceratotherium simum cottoni
(Lydekker, 1908)
распространетост на северниот бел носорог означена со портокалово

Северниот бел носорог (Ceratotherium simum cottoni) е еден од подвидовите на Белиот носорог. Овој подвид се храни со трева и живее на пасиштата и саваните. Можно е овие животни денес да се изумрени во дивината откако при последните проценки не успеале да ги лоцираат единствените преживеани единки во Националниот парк Гарамба во Демократската Република Конго. Се смета дека се останати само 8 единки - во Зоолошките градини во Сан Диего и во Чешка[1] .


Популација во дивината[уреди]

Во минатото северниот бел носорог бил распространет на териториите на северозападна Уганда, јужен Чад, југозападен Судан, источниот дел на Централна Афричка Република и североисточниот дел на Конго[2]. Единствената позната популација живее во североисточниот дел на Демократската република Конго.

Ловокрадците го намалиле бројот на овие носорози од 500 на 15 за време на 1970тите и 1980тите. Од почетокот на 1990тите до средината на 2003 година популација малку се зголемила и броела 32 единки. Според набљудувањата од 2000 година, се смета дека популација закрепнува. Идентификувани се 30 единки со можност за уште 6 други[3]. Од средината на 2003 година, ловокрадството повторно зема голем замав и бројот на популацијата изнесувал 5 до 10 единки [4], но според WWF во дивината има останато само уште 4 единки од подвидот Северен бел носорог[5] .

Националниот парк Гарамба[уреди]

Последната преживеана популација од Северни бели носорози се наоѓа во Националниот Парк Гарамба, Демократска Република Конго. Неодамнешните граѓански војни и немири се причина за сомнеж во статусот на последната преживеана популација.

Во јануари 2005 година, владата на Конго одобрила план во два дела за преселување на 5 цеверни бели носорози од националниот парк Гарамба во резерват во Кенија. Вториот дел од договорот ја обврзува владата да ги зголеми напорите за зачувување на овој подвид, по што ови еносорози повторно ќе можат да се вратат во нивното природно живеалиште[6].

Во август 2005 година набљудувачи од неколку фондации за заштита идентификувале само 4 единки . Еден возрасен мажјак и група од возрасен мажјак и две возрасни женки. Направени се и понатамошни напори да се најдат и други единки [6]. Во јуни 2008 година објавено е дека постои голема можност овој под вид да е изумрен во дивината, бидејќи од 2006 година никој ги нема забележано преостанатите единки [7].

Популација во заробеништво[уреди]

Популацијата во заробеништво на северните бели носорози брои само осум единки кои се сместени во две зоолошки градини, едната во САД, а другата во Чешка. Сепак само три од овие животни се способни за размножување. Како резултат на ова, и популацијата во заробеништво се намалува. Северните бели носорози многу ретко се размножуваат во заробеништво.


Зоолошката градина Dvůr Králové[уреди]

Северен бел носорог во зоолошката градина Dvůr Králové

Европската асоциација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) организира програми за размножување на дивите животни, како што е Европската програма за загрозени видови (ЕПЗ) (EEP во оригинална форма). Ваква програма постои и за северниот бел носорог. Во оваа програма се вклучени 7 единки од кои 6 се чистокрвни северни бели носорози. Овие единки се сместени во зоолошката градина Dvůr Králové во ЧешкаГрешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу..


  • Несари, женка родена во Шамбе, Судан на 19 септември 1972 година.
  • Судан, мажјак роден во Шамбе, Судан на 19 септември 1973 година.
  • Суни, мажјак роден во зоолошката градина Dvůr Králové, Република Чешка на 8 јуни 1980 година.
  • Набире, женка родена во зоолошката градина Dvůr Králové, Република Чешка на 15 ноември 1983 година.
  • Наџин, женка родена во зоолошката градина Dvůr Králové, Република Чешка на 11 јули 1989 година.
  • Фату, женка родена во зоолошката градина Dvůr Králové, Република Чешка на 29 јуни 2000 година.

Во оваа зоолошка градина има и еден хибрид добиен од мајка северен бел носорог и татко од јужен бел носорог со име Артур.

  • Наси, женка родена во зоолошката гродина Dvůr Králové, Република Чешка на 11 ноември 1977 година.

Мажјакот со име Саут, роден во дивина во Шамбе во Судан на 19 септември 1972 година, умрел во август 2006 година[8].

Парк за диви животни - Сан Диего[уреди]

Во паркот за диви животни во Сан Диего во Калифорнија, САД, има два северни бели носорози[4][9], и двете единки се фатени во дивината. Тоа се женката со име Нола и мажјакот Ангалифу. Нола е нефертилна, па затоа овој пар не е способен да даде потомство. Друга женка со име Нади, умрела на 30 мај 2007 година[9].

Наводи[уреди]

  1. African Rhino Specialist Group 2003. Ceratotherium simum ssp. cottoni. In: IUCN 2006. 2006 IUCN Red List of Threatened Species. <www.iucnredlist.org>. Downloaded on 16 септември 2006 from [1].
  2. Sydney, J. 1965. The past and present distribution of some African ungulates. Transactions of the Zoological Society of London 3:1-397.
  3. Hillman Smith, K. 2001. Status of northern white rhinos and elephants in Garamba National Park, Democratic Republic of the Congo, during the wars. Pachyderm journal of the African Elephant, African Rhino and Asian Rhino Specialist Groups. July-December 2001. 31: 79-81.
  4. 4,0 4,1 International Rhino Foundation. 2002. Rhino Information - Northern White Rhino. Downloaded from [2] at 19 септември 2006.
  5. WWF | Northern White Rhino
  6. 6,0 6,1 IUCN. 2005. Reprieve planned for Garamba's rhinos: extra efforts promised to safeguard their homeland. Gland, Switzerland, 21 јануари 2005 News Release. Downloaded from [3]
  7. Times Online | News | Environment | Poachers kill last four wild northern white rhinos
  8. The Rhino Resource Center - Rhino Images. Downloaded from http://www.rhinoresourcecenter.com/images/Dvur-0373_i1224678742.php
  9. 9,0 9,1 Eastman, Q. (2007) Northern white rhinos in danger. North County Times (Monday, 11 јуни, 2007 4:01 PM PDT ). Downloaded from http://www.nctimes.com/articles/2007/06/11/news/inland/61007190722.txt