Севастија (тема)
Тема Севастија Σεβαστεία, θέμα Σεβαστείας | |||||
Тема на Римската Империја | |||||
| |||||
Карта на Темата Севастија во рамките на Римската Империја во 1000 година. | |||||
Главен град | Севастија | ||||
Историски период | Среден век | ||||
- | Основана | 911 | |||
- | де факто автономија | ок. 1074 | |||
- | Освојување од Селџуците. | ок. 1090 | |||
Денес во | Турција |
Тема Севастија (грчки: θέμα Σεβαστείας) била воено-цивилна провинција (тема) на Римската Империја сместена во североисточна Кападокија и Мала Ерменија, во сеовремена Турција. Основана била како тема во 911 година и опстојувала сè до нејзиното паѓање под Турците-Селџуци, после Битката кај Манзикерт во 1071 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Темата била создадена околу градот Севастија (современ Сивас). Регионот го опфаќал делот од Темата Ерменија од средината на VII век.[1] Темата не е спомената во ниту еден извор пред X век.[2] Во 908 година, Севастија за прв пат се појавува како посебен утврден граничен округ (клисура), а до 911 година бил подигнат до статус на целосна тема.[1][3] Како клисура, веројатно била подредена на ново воспоставената тема на Харсијанија.[4]
Темата ја опфаќала целокупноста на римските гранични региони по средниот тек на северниот дел на Еуфрат. Со проширувањето на римската граница, таа била продолжена на југ и исток сè до Мелитина, Самосата и Тефрике, што одговара приближно на античките римски провинции Прва Ерменија и делови од Втора Ерменија и Еуфратска Сирија. Сепак, по средината на X век, нејзинината големина била многу намалена со создавањето на нови помали теми.[1][5] Според Константин VII Порфирогенит, темата била сочинета од два окрузи (турми): Лариса (јужно од современ Манџиник) и Амара или Абара (современ Амран во близина на Аргуван или Емирќој). Двете области се зголемиле накратко на клисури - Лариса во ок. 908–911 и Амара/Абара под Роман I Лекапин и станале седиште на независните стратези до 975 година, што довело до прогресивно намалување на темата и опаѓање на значењето.[6]
Во 10 век, регионот доживеал голем прилив на Ерменци, кои станале доминантно население.[1][6] По 1019/1021 година, Севастија и соседните земји им биле дадени како посед на Ерменецот Сенекерим Арцруни, во замена за отстапување на Империјата за неговото Кралство Васпуракан. Од ок. 1074 година, по римскиот пораз против Турците-Селџуци кај Манцикерт во 1071 година, Арцрунови владееле со територијата како независни господари, сè додека не ја освоиле Турците околу 1090 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 ODB, "Sebasteia" (C. Foss), pp. 1861–1862.
- ↑ Pertusi 1952.
- ↑ McGeer, Nesbitt & Oikonomides 2001, стр. 128.
- ↑ Leveniotis 2007, стр. 452.
- ↑ Pertusi 1952, стр. 142–143.
- ↑ 6,0 6,1 Leveniotis 2007, стр. 452–453.
Извори
[уреди | уреди извор]- Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8.
- Leveniotis, Georgios Athanasios (2007). Η πολιτική κατάρρευση του Βυζαντίου στην Ανατολή: το ανατολικό σύνορο και η κεντρική Μικρά Ασία κατά το β' ήμισυ του 11ου αι [The Political Collapse of Byzantium in the East: The Eastern Frontier and Central Asia Minor During the Second Half of the 11th Century] (PhD thesis) (грчки). Aristotle University of Thessaloniki. doi:10.12681/eadd/19246.CS1-одржување: ref=harv (link)
- McGeer, Eric; Nesbitt, John W.; Oikonomides, Nicolas, уред. (2001). Catalogue of Byzantine Seals at Dumbarton Oaks and in the Fogg Museum of Art, Volume 4: The East. Washington, District of Columbia: Dumbarton Oaks Research Library and Collection. ISBN 0-88402-282-X.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Pertusi, A. (1952). Constantino Porfirogenito: De Thematibus (италијански). Рим, Италија: Biblioteca Apostolica Vaticana.CS1-одржување: ref=harv (link)
|