Прејди на содржината

Себастјен Скилачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Себастјен Скилачи
Лични податоци
Полно име Себастјен Жан-Баптист Скилачи[1]
Роден на 11 август 1980(1980-08-11) (46 г.)[2]
Роден во Тулон, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001850000001,85 м[3]
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2017 (37 г.)
Младинска кариера
Сејноа
Тулон Тулон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997-1998 Тулон Тулон 5 (0)
1998-2000 Монако 2 Монако 2 48 (1)
1998-2006 Монако Монако 117 (11)
2000-2002 →Ајачио Ајачио 69 (7)
2006-2008 Олимпик Лион Олимпик Лион 62 (3)
2008-2010 Севиља Севиља 49 (1)
2010-2013 Арсенал Арсенал 23 (1)
2013-2017 Бастија Бастија 97 (5)
Репрезентација
2001-2002 Франција Франција 21 4 (0)
2004-2010 Франција Франција 21 (0)

Себастјен Жан-Баптист Скилачи (роден на 11 август 1980 година, во Тулон) — француски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Скилачи е роден и израснал во Тулон, Вар,[4] но има корзиканско потекло од страната двата родители. Неговите родители се преселиле на копнениот дел на Франција од општината Гизонача во департманот От-Корс. Скилачи е оженет и има еден син, по име Арон.[5]

На 12 мај 2007 година, општината Ла Сејн му оддала почест, така што именувала стадион по него; стадионот наречен „Стад де Скилачи“ го користи аматерскиот клуб Авенир Спортиф де Мар.[6]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Физички силен централен дефанзивец, кој бил многу добар во маркирањето на противникот и во играта во воздухот.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Скилачи ја започнал својата фудбалска кариера во клубот од родниот град, Сејноа. Додека тренирал во Ла Сејн, неговиот тренер Франк Сева го опишал како „прекрасно, тивко момче“.[7] Скилачи поминал една деценија во Сејноа пред да се пресели во професионалниот клуб Тулон во 1996 година на 16-годишна возраст. Тој првично бил дефанзивен играч од средниот ред и поминал само една сезона во младинската академија на клубот, каде што бил под водство на поранешниот играч на клубот Кристијан Далгер.[5] Скилачи ја започнал сезоната 1997–1998, играјќи во резервниот тим на клубот. По отпуштањето на тренерот Алберт Емон на средина од сезоната, тој бил заменет со Далгер. Во март 1998 година, Далгер, последователно, го повикал Скилачи во првиот тим и тој го имал своето професионално деби на 7 март 1998 година во победата од 1–0 над Ница во втората лига на Франција, појавувајќи се како замена за Виктор Агали.[8] Со Тулон, замешан во битка за опстанок, Скилачи настапил како резерва во победите над Лил, Ле Ман и Лорјан и поразите од Мартиг и Ред Стар Париз. Тулон на крајот ја заврши сезоната на 20-тото место, што резултирало со испаѓање на клубот во Националното првенство, третото ниво на францускиот фудбал. Скилачи ја завршил сезоната со пет настапи во првенството и еден во Купот на Франција, каде клубот, изненадувачки, стигнал до осминафиналето.

Бидејќи немал професионален договор додека настапувал за Тулон, Скилачи можел да го напушти клубот како слободен играч. Во 1998 година, тој потпишал за Монако, приклучувајќи му се најпрво на резервниот тим на клубот, кој настапувал во Националното аматерско првенство, четвртиот ранг на францускиот фудбал. Во периодот од 1998 до 2000 година, тој одиграл две сезони за резервниот тим, забележувајќи 48 настапи и еден гол. Откако не успеал да се наметне кај тренерот Клод Пуел, челниците на Монако објавиле дека Скилачи ќе замине на Корзика за да му се приклучи на второлигашот Ајачио на позајмица. Во двете сезони поминати таму, Скилачи настапил на повеќе од 70 натпревари и му помогнал на клубот да избори промоција во Лига 1 во сезоната 2001-2002.

По заминувањето на Пуел и назначувањето на новиот тренер Дидје Дешан, Скилачи се вратил во Монако во 2002 година. Дебитирал за „Монегаските“ на 3 август истата година, играјќи како стартер до Рафаел Маркес во срцето на одбраната на Монако, во победата со 4-0 на гостински терен над Троа. На 22 јануари 2003 година, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Монако, во ремито 1-1 на домашен терен против Ланс во првенството. Две недели подоцна, тој го повторил подвигот кога ја погодил мрежата на Седан во победата со 3-0. На 17 мај 2003, во финалето на Лига купот на Франција добиено со 4-1 против Сошо, Скилачи постигнал еден од головите со кои придонел за успехот и ја освоил својата прва титула во кариерата.

Следната сезона, тој повторно имал забележителна улога во тимот на Монако, кој изненадувачки стигнал до завршницата на Лигата на шампионите. На патот до таму, тие го елиминирале Реал Мадрид во четвртфиналето, иако биле поразени со 4-2 во Мадрид - натпревар во кој Скилачи го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите - благодарение на победата со 3-1 во реваншот тимот се пласирал во полуфиналето, благодарение на правилото за гол во гости. Во полуфиналето играчите на Дешан го елиминирале Челси (3-1 дома, 2-2 во гости),[9][10][11] Скилачи го започнал финалето на клупата, појавувајќи се во игра на местото на Гаел Живе во 72-рата минута кога Монако веќе бил во негатива од 0-2. Во првенството истата сезона, Скилачи одиграл 27 натпревари и постигнал 5 гола.

После уште две сезони поминати во Монако играјќи како стартер, во последната носејќи ја дури и капитенската лента кога Живе не бил на теренот, Скилачи сепак одлучил да го напушти клубот од кнежевството по разочарувачкото 11. место освоено во сезоната 2005-2006. Вкупно во четирите сезони во дресот на Монако, тој одиграл 157 натпревари за клубот и постигнал 15 голови.

Олимпик Лион

[уреди | уреди извор]
Скилачи со Олимпик Лион во 2007

Во летото 2006, Скилачи бил поврзуван со неколку клубови, пред да потпише четиригодишен договор со петкратниот актуелен шампион на Франција, Олимпик Лион.[12] Како дел од трансферот, Силвен Монсоро се преселил во обратна насока од Лион во Монако.[13] Дебитирал во дресот на Олимпик на 30 јули 2006, играјќи го целиот натпревар од Суперкупот на Франција, добиен по изведување на пенали против Париз Сен Жермен.[14] На своето првенствено деби за клубот, Скилачи го постигнал и својот прв гол за Лион, во гостинската победа со 1-3 над Нант на отворањето на сезоната 2006-2007 во Лига 1.[15] Во својата прва сезона во дресот на Лион, Скилачи одиграл 28 првенствени натпревар и постигнал 3 гола, придонесувајќи да продолжи доминацијата на „Les Gones“ со освојувањето на шесттата последователна титула во Франција.[16] Покрај освојувањето на француското првенство, играл како стартер и во финалето на Лига купот, кое тој и неговите соиграчи го загубиле од Бордо со 0-1 на Стад де Франс,[17] и имал пет настапи во Лигата на шампионите каде турнирот го завршиле со осминафиналната елиминација од Рома.

Во сезоната 2007-2008, Скилачи останал прва опција на стоперската позиција во одбраната на Лион и одиграл вкупно 48 натпревари во сите натпреварувања, освојувајќи уште една титула во Лига 1 како и Купот на Франција со победа над Париз Сен Жермен во финалето. Своето искуство во Лион го завршил после две сезони во кои вкупно за клубот одиграл 87 натпревари и постигнал 3 гола.

На 14 јули 2008 година, шпанскиот клуб Севиља постигнал договор со Олимпик Лион за купување на Скилачи за износ од 6.25 милиони евра плус уште 500.000 евра во бонуси.[18][19] Откако потпишал три годишен договор,[20] тој го направил своето деби за Севиља а воедно и во Примера Дивисион на 31 август 2008 година, играјќи го целиот натпревар на гостувањето кај Расинг Сантандер кој завршил нерешено 1-1. На 29 јануари 2009 година, во реванш натпреварот од четвртфиналето на Купот на Шпанија против Валенсија, Скилачи го постигнал првиот гол во дресот на Севиља носејќи му победа на својот тим од 2-1 и пласман во полуфиналето.[21] Сезоната ја завршил со 44 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол.

Следната сезона, тој го освоил Купот на Шпанија со Севиља, забележувајќи го својот единствен настап во натпреварувањето во финалето добиено со 2-0 против Атлетико Мадрид,[22] што бил воедно и неговиот последен настап во дресот на андалузијската екипа. Неговата авантура на Пиринејскиот Полуостров траела две години, во кои одиграл 65 натпревари и постигнал 4 гола како фудбалер на Севиља.

Во летото 2010 година, Арсенал го купил Скилачи за сума околу 4 милиони фунти, потпишувајќи тригодишен договор со централниот дефанзивец. Тој го носел дресот со број 18, кој претходно го носеле неговите сонародници, поранешните централни дефанзивци Микаел Силвестер и Паскал Сиган. По повредата на Томас Вермален, Скилачи влегол во почетната постава формирајќи партнерство во центарот на одбраната со уште едно ново засилување, сонародникот Лоран Косиелни. На 28 септември 2010 година, го постигнал својот прв гол за Арсенал во победата со 1-3 во Белград над Партизан во групната фаза на Лигата на шампионите.[23] Неговиот прв гол во Премиер лигата дошол на 23 февруари 2011 во победата со 1-0 на Емирејтс над Стоук Сити по нафрлување од Никлас Бентнер.[24] Во текот на сезоната 2010–2011, Скилачи забележал 28 настапи и постигна 2 гола за „топчиите“ во сите натпреварувања.[25]

Поради слабите настапи во неговата прва сезона и доаѓањето на германскиот репрезентативец Пер Мертезакер во летото 2011 година, Скилачи паднал во втор план во клубот пред почетокот на сезоната 2011–2012. Тој го забележа својот прв настап за сезоната во четвртото коло на Лига купот, во победата против Болтон Вондерерс, и продолжил да биде дел од составот на Лига купот, настапувајќи во четвртфиналниот пораз од Манчестер Сити. Својот прв настап во Лигата на шампионите во сезоната го забележал на 6 декември 2011 година, кога ги одиграл сите 90 минути во гостинскиот пораз на Арсенал од Олимпијакос со 3–1, во последниот натпревар од групната фаза. Својот прв настап во Премиер лигата за сезоната го забележал на 2 јануари 2012 година, кога го заменил играчот од средниот ред Арон Рамзи во последните десет минути од натпреварот против Фулам, откако централниот дефанзивец Јохан Џуру бил исклучен. Арсенал на крајот го загубил натпреварот со 2–1, откако расчистувањето со глава на Скилачи во 92-рата минута паднало на ногата на Боби Замора, кој постигнал гол со волеј удар и му ги донел сите три бода на Фулам. На 17 февруари, тој влегол како рана замена во натпреварот на Арсенал од петтото коло на ФА купот против Сандерленд, откако Франсис Коклен се повредил, додека редовните дефанзивци Мертезакер и Косиелни веќе биле надвор од составот поради повреди; Скилачи имал кошмарен натпревар, најпрво одбивајќи го ударот на Киеран Ричардсон во 40-тата минута си постигнал автогол, а потоа и самиот бил заменет поради повреда во 52-рата минута од натпреварот загубен со 2–0. Сезоната 2011–12 ја завршил со шест настапи, од кои само еден бил во Премиер лигата.

Во третата сезона, Скилачи го направил својот единствен настап за Арсенал во поразот со 2-1 од Олимпијакос во Лигата на шампионите. По завршувањето на сезоната, тој го напуштил клубот откако неговиот договор со „топчиите“ истекол.[26]

На 17 јули 2013 година, Скилачи станал нов играч на Бастија, приклучувајќи му се на корзиканскиот клуб на едногодишен договор, со опција за продолжување на уште две години.[27] Дебитирал во првиот натпревар од сезоната, во поразот со 2–0 од Нант, а потоа се етаблирал во почетната постава помагајќи му на клубот да заврши во горниот дел на табелата во Лига 1. Својот прв гол за Бастија го постигнал со глава во победата со 1–0 над Ница на 26 октомври 2013 година.[28] Откако договорот му бил продолжен, тој ги минал и следните две сезони во клубот, пред да потпише уште еден нов договор. Сепак, на почетокот од сезоната 2016-2017, во октомври 2016 година, претрпел тешка повреда - кинење на вкрстените лигаменти на десното колено - која го принудила во ноември 2017 година да објави крај на својата професионална кариера.[29]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Во периодот од 2001 до 2002 година, Скилачи одиграл четири натпревари за француската репрезентација под 21 година.

Во 2004 година, го добил првиот повик во сениорската репрезентација, за која дебитирал на 18 август истата година, започнувајќи како стартер во пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина во Рен завршен со резултат 1-1.[30]

Тој бил дел од составот на Франција на Европското првенство 2008, каде не настапил ниту еднаш, и на Светското првенство 2010, каде одиграл еден натпревар против домаќинот Јужна Африка во групната фаза, после која „триколорите“ и го завршиле својот настап на турнирот. Тој настап, воедно бил и неговиот последен во дресот на француската репрезентација, во чии бои одиграл 21 натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапо

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
18-8-2004РенФранција Франција1 – 1Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-заменет 46'
4-9-2004Сен ДениФранција Франција0 – 0Израел ИзраелКвал. за СП 2006-
8-9-2004ТорсхавнФарски Острови Фарски Острови0 – 2Франција ФранцијаКвал. за СП 2006-
9-10-2004Сен ДениФранција Франција0 – 0Ирска ИрскаКвал. за СП 2006-
13-10-2004СтроволосКипар Кипар0 – 2Франција ФранцијаКвал. за СП 2006-
17-11-2004Сен ДениФранција Франција0 – 0Полска ПолскаПријателска-влегол во игра 46'
9-2-2005Сен ДениФранција Франција1 – 1Шведска ШведскаПријателска-
31-5-2005МецФранција Франција2 – 1Унгарија УнгаријаПријателска-влегол во игра 82'
17-8-2005МонпељеФранција Франција3 – 0Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаПријателска-влегол во игра 23'
3-9-2005ЛансФранција Франција3 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за СП 2006-влегол во игра 77'
7-2-2007Сен ДениФранција Франција0 – 1Аргентина АргентинаПријателска-
16-11-2007Сен ДениФранција Франција2 – 2Мароко МарокоПријателска-влегол во игра 64'
31-5-2008ТулузаФранција Франција0 – 0Парагвај ПарагвајПријателска-
28-3-2009КаунасЛитванија Литванија0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2010-
1-4-2009Сен ДениФранција Франција1 – 0Литванија ЛитванијаКвал. за СП 2010-
2-6-2009Сен ЕтјенФранција Франција0 – 1Нигерија НигеријаПријателска-
14-10-2009Сен ДениФранција Франција3 – 1Австрија АвстријаКвал. за СП 2010-
18-11-2009Сенм ДениФранција Франција1 – 1 прод.Ирска ИрскаКвал. за СП 2010-влегол во игра 9' добил жолт картон во 79-тата минута 79'
26-5-2010ЛансФранција Франција2 – 1Костарика КостарикаПријателска-влегол во игра 46'
30-5-2010РадесТунис Тунис1 – 1Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 64'
22-6-2010БлумфонтејнФранција Франција1 – 2Јужна Африка Јужна АфрикаСП 2010 - Прва фаза-
Вкупно Настапи 21 Голови 0

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1997-1998Франција ТулонЛ260КФ+ЛКФ1+00------70
1998-1999Франција Монако 2НАПФ241---------241
1999-2000НАПФ240---------240
Вкупно Монако 2481------481
2000-2001Франција АјачиоЛ2362КФ+ЛКФ0+10------372
2001-2002Л2335КФ+ЛКФ0+10------345
Вкупно Ајачио69720----717
2002-2003Франција МонакоЛ1352КФ+ЛКФ5+12+0------414
2003-2004Л1275КФ+ЛКФ1+00ЛШ91---376
2004-2005Л1283КФ+ЛКФ3+10ЛШ8[31]0---403
2005-2006Л1271КФ+ЛКФ2+20ЛШ+КУ2[31]+60+1---392
Вкупно Монако11711152252--15715
2006-2007Франција Олимпик ЛионЛ1283КФ+ЛКФ2+30ЛШ50СФ10393
2007-2008Л1340КФ+ЛКФ2+40ЛШ80СФ00480
Вкупно Олимпик Лион62311013010873
2008-2009Шпанија СевиљаПД330КШ81КУ30---441
2009-2010ПД161КШ10ЛШ42---213
Вкупно Севиља4919172--654
2010-2011Англија АрсеналПЛ221ФАКуп+ЛК4+00ЛШ61---322
2011-2012ПЛ10ФАКуп+ЛК2+20ЛШ10---60
2012-2013ПЛ00ФАКуп+ЛК00ЛШ10---10
Вкупно Арсенал2318081--392
2013-2014Франција БастијаЛ1313КФ+ЛКФ2+10------343
2014-2015Л1250КФ+ЛКФ1+30+1------291
2015-2016Л1312КФ+ЛКФ1+10------332
2016-2017Л1100КФ+ЛКФ0+00------100
Вкупно Бастија97591----1066
Вкупно во кариерата471295545351058038

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

[32][33]

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Франција Франција 200460
200540
200720
200810
200950
201030
Вкупно210
Ајачио
2001–2002
Монако
2002–2003
Олимпик Лион
2006–2007, 2007–2008
2007–2008
2006
Севиља
2009-2010

Поединечни

[уреди | уреди извор]
2003-2004
  1. ↑ „Entreprise Romy Invest“ [Company Romy Invest] (француски). Manageo. Посетено на 24 February 2025.
    „Sebastien Jean-Baptiste Squillaci“. Verif.com (француски). Посетено на 24 February 2025.
  2. ↑ „Sebastien Squillaci: Overview“. ESPN. Посетено на 25 December 2020.
  3. ↑ „Sébastien Squillaci: Overview“. Premier League. Посетено на 8 March 2020.
  4. ↑ „Sébastien Squillaci“. L'Équipe (француски). Paris. Посетено на 8 March 2020.
  5. 1 2 „Sébastien Squillaci sort l'Arsenal“ (француски). Var-Matin. 10 September 2010. Посетено на 17 April 2011.
  6. ↑ „Un Seynois À La Coupe Du Monde“ (француски). Arthur Paecht. 12 May 2007. Посетено на 17 April 2011.
  7. ↑ „La Seyne "Toto" et "Bafé" : deux Seynois à l'Euro“ (француски). Var-Matin. 31 May 2008. Архивирано од изворникот на 2011-10-06. Посетено на 17 April 2011.
  8. ↑ „Toulon v. Nice Match Report“ (француски). Ligue de Football Professionnel. 7 March 1998. Посетено на 17 April 2011.
  9. ↑ „Madrid felled by Morientes“. UEFA. 6 април 2004. Архивирано од изворникот на 8 јули 2012. Посетено на 7 април 2011.
  10. ↑ „Ten-man Monaco dazzle Chelsea“. UEFA. 20 април 2004. Посетено на 7 април 2011.
  11. ↑ за бајката на Монако, како едно од најпријатните изненадувања во историјата на натпреварувањето, да заврши во финалето со убедлив пораз од Порто со 3-0.<ref>„Porto 3–0 Monaco“. BBC Sport. 26 May 2004. Посетено на 12 January 2011.
  12. ↑ Patrick Haond. „Squillaci poised for Lyon“. Sky Sports. Посетено на 26 August 2010.
  13. ↑ „Lyon et Monaco échangent“. uefa.com (француски). 24 јуни 2006. Посетено на 19 август 2026.
  14. ↑ „Retour sur: Lyon-PSG Trophée des Champions 2006“ (француски). 5 август 2016. Посетено на 19 август 2026.
  15. ↑ „Lyon start new campaign with 3-1 victory at Nantes“ (англиски). Taipei Times. 6 август 2006. Посетено на 19 август 2026.
  16. ↑ „Lyon pick up record sixth title“ (француски). 19 август 2026. Посетено на 19 август 2026.
  17. ↑ „Coupe de la Ligue: Bordeaux bat Lyon en finale“ (француски). 1 април 2007. Посетено на 19 август 2026.
  18. ↑ „SQUILLACI AND COUPET TRANSFERRED; CLEBER ANDERSON LOANED“ (PDF). OL Group. 18 July 2008. Посетено на 9 February 2012.
  19. ↑ „Sevilla strike defender deal“. Sky Sports. 15 July 2008. Посетено на 26 August 2010.
  20. ↑ „Squillaci à Séville mercredi“ (француски). Football 365. 16 July 2008. Архивирано од изворникот на 4 May 2009. Посетено на 26 August 2010.
  21. ↑ „Squillaci obra el milagro y deja al Valencia fuera de la Copa (2-1)“ (шпански). libertaddigital.com. 29 јануари 2009. Посетено на 19 август 2026.
  22. ↑ „COPA DEL REY: AT. MADRID-SEVILLA (0-2)“ (шпански). ФК Севиља. Посетено на 19 август 2026.
  23. ↑ „Partizan Belgrade 1 - 3 Arsenal“. BBC Sport. 28 September 2010.
  24. ↑ „Squillaci strike the difference as Gunners see off Stoke“. Independent.co.uk. 23 February 2011. Архивирано од изворникот 26 May 2022.
  25. ↑ „Sebastien Squillaci lifts lid on his 'privileged' time at Arsenal“. Express.co.uk. 25 November 2015.
  26. ↑ „Arsenal to release Andrey Arshavin, Denilson and Sebastien Squillaci“. Sky Sports. Посетено на 5 June 2013.
  27. ↑ „Squillaci choisit Bastia“ [Squillaci chooses Bastia]. L'Équipe (француски). 17 July 2013. Посетено на 20 February 2014.
  28. ↑ „Bastia has settled well“ [Bastia a bien digéré]. L'Équipe (француски). 26 October 2013. Посетено на 20 February 2014.
  29. ↑ „Former Arsenal Defender Announces Retirement from Football Following Relegations“. 21 November 2017.
  30. ↑ „France go for youthful line-up“. ESPN Soccernet. 17 August 2004. Архивирано од изворникот на 30 March 2009. Посетено на 26 August 2010.
  31. 1 2 2 настапи во квалификациските кола.
  32. ↑ „Sébastien Squillaci“. National Football Teams. Посетено на 13 July 2018.
  33. ↑ „SQUILLACI Sébastien“. French Football Federation. Посетено на 17 April 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]