Себастијан Дајслер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Германија Себастијан Дајслер
Sebastian Deisler (Confed-Cup 2005) r.JPG
Лични податоци
Роден на 5 јануари 1980 (1980-01-05) (39 г.)
Роден во Лерах, Германија
Висина &100000000000001810000001,81 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 16 јануари 2007
Младинска кариера
Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998-1999 Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах 17 (1)
1999-2002 Херта Херта Берлин 56 (9)
2002-2007 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 62 (8)
Репрезентација
1999 Германија Германија 21 3 (0)
2000-2006 Германија Германија 36 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 25 април 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Себастијан Дајслер (роден на 5 јануари, 1980 година, во Лерах) е поранешен германски фудбалер, играч од средниот ред.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Борусија Менхенгладбах[уреди | уреди извор]

Дајслер започнал да игра фудбал на само шест години приклучувајќи му се на својот прв клуб, ФВ Турмринген. На 15-годишна возраст, тој бил скаутиран и доведен од страна на Бундеслигашот, Борусија Менхенгладбах каде играл за клубот на пониско ниво во периодот од 1995 до 1998. Тој ја започнал својата професионална кариера во 1998 година, правејќи го своето деби за првиот тим на Менхенгладбах во Бундеслигата против Ајнтрахт Франкфурт на 8 септември. За време на сезоната 1998-99 тој одиграл 17 натпревари во Бундеслигата постигнувајќи еден гол, во победата со 2-0 над Минхен 1860. Меѓутоа ждребињата ја завршиле сезоната на последното место и испаднале во втората лига.

Херта Берлин[уреди | уреди извор]

Со испаѓањето на Борусија Менхенгладбах на крајот на сезоната, Дајслер се преселил во Херта за сума од 4,5 милиони германски марки. Берлинскиот клуб исто така понудил учество во Лигата на шампионите за сезоната 1999-2000. Иако бил на возраст од само 19 години по неговото пристигнување и хендикепиран откако ги скинал лигаментите во 1999 година, сепак Дајслер успеал да се етаблира во средниот ред на Херта и дури да се покаже како вистинска замена за Дариуш Вош како централна фигура во офанзивата на Херта, кога тој претрпел тешка повреда на десното колено во октомври 2001 година и го пропуштил остатокот од сезоната.[1]

Речиси истовремено, германскиот таблоид Билд објавил дека е постигнат договор помеѓу играчот и Бајерн Минхен. Дајслер му се приклучил на Бајерн на почетокот на сезоната 2002-03 за сума од 20 милиони германски марки. Меѓутоа, тој се соочил со огромна критика од фановите на Херта и медиумите за тоа што не го обелоденил договорот порано, како и прифаќањето на исплата. Дајслер подоцна изјавил дека му било побарано да молчи од страна на тренерот на Херта Дитер Хенес за да се избегнат евентуални немири.[2]

За време на неговото периодот во Херта, Дајслер му помогнал на клубот да го освои Лига купот во 2001 година.

Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Дајслер пристигнал во Баерн во летото 2002 година откако го повредил десното колено и му била извршена операција во мај.[1] За жал, периодот на Дајслер во клубот продолжил на сличен начин, така што играчот од средниот ред успеал да одигра само 62 првенствени натпревари во четири и пол години. Поради повредите, тој не бил во можност да се воспостави како постојан стартер во текот на еден подолг временски период. Во исто време, Дајслер се мачел да го издржи притисокот на кој бил изложен во Бајерн[2] и како резултат на тоа паднал во депресија поради која бил третиран како стационарен пациент во Минхенската клиника од ноември 2003 година. По неколку месеци, Дајслер се вратил во тимот, но се здоби со релапс во октомври 2004 година и добил амбулантски третман. [1]

Конечно, Дајслер ја добил својата шанса за поголем број натпревари во првиот тим на Бајерн во сезоната 2004-05, кога исто така му се отворила можност да игра повеќе во поголемиот дел од 2005 година по заминувањето на Михаел Балак во Челзи, Дајслер требало да стане шеф на средниот ред на Бајерн. Меѓутпа, тој ја оштетил синовијалната мембрана во десното колено повторно во март 2006[1] и поради таа повреда го пропуштил Светското првенство на домашен терен. Иако Дајслер се вратил на теренот во ноември, тој се почувствувал исцрпен и, повикувајќи се на неговиот недостаток на доверба во враќање на потребната стабилност поради неговите чести повреди на коленото, го најавил своето пензионирање на 16 јануари, 2007 година.[3] Тренерот на Бајерн Ули Хенес изјавил дека договорот на Дајслер, кој бил во трајност до 30 јуни 2009 година, нема да биде раскинат, туку ќе биде ставен во мирување во случај играчот да се премисли и да посака да се врати на теренот. Дајслер подоцна изјавил дека дошол до заклучок дека тој не бил направен за фудбалскиот бизнис [2]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Дајслер играл за германската репрезентација во периодот меѓу 2000 и 2006 година, направил 36 настапи и постигнал три гола. Тој го направил своето деби за во пријателски натпревар против Холандија на 23 февруари 2000 година, а исто така бил дел од германската репрезентација на Евро 2000 четири месеци подоцна, каде играл во сите три натпревари од групата кога Германците разочарувачки испаднале уште по првиот круг на турнирот. На 2 септември 2000 година, тој го постигнал својот прв гол за Германија, првиот гол во победата со 2-0 над Грција во квалификациите за Светското првенство 2002.

Титули[уреди | уреди извор]

Германија Херта Берлин[уреди | уреди извор]

Германија Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Deislers Kranken-Akte“, kicker.de, 16 јануари 2007 (посет. 10 декември 2008 г).
  2. 2,0 2,1 2,2 Dumm gelaufen, oder?“, tagesspiegel.de, 30 септември 2007 (посет. 10 декември 2008 г).
  3. „Fußball: Bayern-Profi Deisler beendet Karriere“. Der Spiegel (German). 16 January 2007. конс. 5 April 2008.