Св. Злата Мегленска (хор)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Св. Злата Мегленска — македонски женски камерен хор.

Историјат[уреди | уреди извор]

Хорот „Св. Злата Мегленска“ е основан во 1996 година при Македонската православна црква, со благослов на митрополитот полошко-кумановски г. Кирил. Хорот е составен од 25 женски вокали, претежно од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Основач, раководител и диригент на хорот е Летка Димовска-Полизова.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во април 1999 година, хорот „Св. Злата Мегленска“ го снимил истоимениот музички албум со 12 композиции. Албумот, чиј продуцент е Светлана Марковиќ, бил издаден од дискографската куќа „Aura Records“, а бил снимен во Музејот на современата уметност во Скопје. Покрај настапите во Македонија, хорот настапил и во Британија, Белгија, Германија, Франција, Италија, Грција, Австралија, САД, Хрватска, Полска и други земји. На 7 август 2015 година, хорот настапил на 55. издание на фестивалот „Охридско лето“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.
  2. 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.