Св. Богородица Пречиста - Раштани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Св. Богородица Пречиста
Викиекспедиција Дебарца 55.jpg

Поглед на ископините од Св. Богородица, заедно со новата црква

Св. Богородица Пречиста is located in Археолошки локалитет во Македонија
Св. Богородица Пречиста
Св. Богородица Пречиста
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Основни податоци
Име Св. Богородица Пречиста
Место Злести
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква

Период римско време
среден век
Портал:Археологија

Св. Богородица Пречиста (понекогаш спомнувано и како Раштани) — старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола, чиишто остатоци и рушевини од ѕидините се наоѓаат на локалитетот „Раштани“, во непосредна близина на селото Злести, 30 километри северно од градот Охрид.[1]

Средновековната црква на локалитетот изградена на темели на старохристијанска базилика се верува дека била подигната за време на животот и делото на светите Климент и Наум.[2][3]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Во месноста Раштани на 2 километри југозападно од селото Злести и на околу 400 метри десно од патот кон соседното село Ботун има блага падина на која се гледаат урнатини од црква, која жителите ја викаат „Св. Богородица Пречиста“.

Градба[уреди | уреди извор]

Црквата е триконхална, со нартекс и егзонартекс, како и со две помали простории - анекси, кои се наоѓаат северозападно од северната и југозападно од јужната конха. Најголемата должина на црквата е 17 метри, а ширината е 9 метри. Градена е од кршен камен и варов малтер, на одделни места со тули. Ширината на ѕидовите изнесува 0,90 метри, а најголемата зачуваност е 2 метри и тоа на северниот анекс.

Пронајдоци[уреди | уреди извор]

По ѕидовите во внатрешноста на црквата се сместени повеќе мермерни меноа, бази со орнаменти, фрагменти од столбови, мермерен праг, сите употребени како сполии. Меѓу нив има и една ара со натпис што е нечитлив. Овие податоци укажуваат дека оваа црква е подигната врз темели на старохристијанска базилика. Југозападно од неа се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции со ориентација исток-запад. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.

Злестински манастир[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Злестински манастир.

На самиот локалитет, во поново време е изградена новиот Злестински манастир заедно со неговата единствена манастирска црква „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во непосредна близина на локалитетот.

Локалитетот во рамките на манастирскиот двор се наоѓа во средина, со што е продолжена низата на црковни објекти кои се наоѓале на оваа месност од старохристијанскиот период до денес.

Галерија[уреди | уреди извор]

Остатоци од градби и ѕидини на локалитетот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Т., О. (5 октомври 2013). „Фрескоживописот, сакралната и рурална архитектура и селските слави и обичаи во Дебрца“. OhridNews.com (македонски). Охрид. конс. 27 август 2016. 
  3. Архитектура“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 116. (2009). Скопје: МАНУ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°17′01″N 20°48′51″E / 41.28361° СГШ; 20.81417° ИГД / 41.28361; 20.81417