Св. Автоном

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Свети Автоном - христијански свештеномаченик и светец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Свети Автоном, по потекло, бил од Италија, каде служел како епископ. За време на прогоните спроведувани од императорот Диоклецијан, тој се преселил во Сореос, во областа Витинија, Мала Азија. Во Сореос, св. Автоном ја подигнал цркватаСв. архангел Михаил“. Во Сореос, св. Автоном живеел во куќата на некој добар христијанин Корнелиј кого го посветил најпрвин за презвитер, а потоа и за епископ. Во близината на Сореос се наоѓало местото Лимна, населено со пагани, но св. Автоним, со своето проповедање на евангелието, успеал многумина да преобрати во христијанската вера. Меѓутоа, еден ден, паганите го нападнале храмот „Св. архангел Михаил“, убивајќи многу христијански верници, а настрадал и св. Автоном, кој бил убиен на олтарот.[1]
За време на владеењето на царот Константин, некој царски благородник, со име Севиријан, подигнал храм на гробот на св. Автоном. Двесте години по смртта, св. Автоном му се јавил на некој војник со име Јован и тој ги откопал моштите на светецот, кои биле целосно недопрени. Потоа, многумина болни оздравиле од моштите на св. Автоном.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Верски календар“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 23.
  2. Na dlanu, „SVETI AVTONOM: Ovo na današnji dan morate početi da radite“ (пристапено на 26.9.2015)