Сврдел за садење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сврдел за садењемашина што се користи за отворање дупки за садење садници на овошни дрвја, украсни и шумски дрвја.

Видови[уреди | уреди извор]

Рачни сврдла[уреди | уреди извор]

Рачните сврдла можат да бидат без тркала (се опслужуваат од двајца работници), или едноосни со едноцилиндричен бензински мотор за садни дупки од 90 до 350 mm.

Тракторски сврдла[уреди | уреди извор]

Друга верзија е монтиран тракторски приклучок со сврдел кој продира до длабочина од 1 m и пречник од 150 до 800 mm. Погонот се постигнува преку приклучно вратило со 540 вртежи/мин., а моќноста на тракторот е 11-26 kW. Покрај поединечен сврдел, можно е и поврзување на блок од три сврдла со трактори со минимална моќност од 30 kW, со што се зголемува работниот учинок така што на добри почви може да се провртат 1000-1500 дупки на час.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Грбић, М. (2010): Производња садног материјала – Технологија производње украсних садница. Универзитет у Београду. Београд ISBN 978-86-7299-174-1