Прејди на содржината

Свита за џез-оркестар бр. 2 (Шостакович)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свита за џез оркестар бр. 2 (руски: Сюита для джазового оркестра №2) ― свита на Дмитриј Шостакович. Напишана е во 1938 година за новооснованиот државен џез оркестар на Виктор Кнушевицки, а премиерно бил изведен на 28 ноември 1938 година во Москва (Москва Радио) од страна на Државниот џез оркестар. Партитурата била изгубена за време на Втората светска војна, но партитурата по пијано од делото била повторно откриена во 1999 година од Манашир Јакубов. Три движења на свитата биле реконструирани и оркестрирани од Џерард МекБурни, а биле премиерно изведени на BBC Промс во 2000 година.

Свита, во својот реконструиран облик, се состои од следните движења:

  1. Скерцо
  2. Приспивна песна
  3. Серенада

Пред повторното откривање, друга свита со осум движења на Шостакович била погрешно идентификувана и снимена како втора џез свита. Ова дело сега е точно познато како Свита за естраден оркестар (по 1956 година), од кое „Валцер бр. 2“ бил искористен за саундтракот на Кјубриковиот Очи широкот отворени, и по што станал поврзан со Џез свита бр.2.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2001 Music From The Films Of Stanley Kubrick (2005, CD)“. Discogs.com. Посетено на 3 мај 2022.
  2. „The No.1 Classical Album (1996, CD)“. Discogs.com. Посетено на 3 мај 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]