Швидница

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Свидница)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Швидница
Стариот град
Стариот град
Грб на Швидница
Грб
Швидница is located in Полска
Швидница
Швидница
Координати: 50°51′N 16°29′E / 50.850° СГШ; 16.483° ИГД / 50.850; 16.483Координати: 50°51′N 16°29′E / 50.850° СГШ; 16.483° ИГД / 50.850; 16.483
Земја Полска
ВојводствоШлеско
ОкругШвиднички
ОпштинаШвидница
Градски статус1267
Управа
 • ПретседателБеата Москал Сланиевска
Површина
 • Вкупна21,76 км2 (840 ми2)
Надм. вис.&10000000000000250000000250 м
Население (2014)
 • Вкупно59.002
 • Густина27/км2 (70/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски код58-100 to 58-106
Повик. бр.+48 74
Регистарски  табличкиDSW
Мреж. местоhttp://www.um.swidnica.pl

Швидница (полски: Świdnica) — град кој се наоѓа во Полска, во Шлеското Војводство, со население од 59.002 жители според податоци од 2014 година. Швидница е седиште на истоимениот регион, како седми по големина град во војводството.

Историја[уреди | уреди извор]

Катедралната црква
Евангелистичката црква
Седиштето на Швидница

Швидница бил основан во 1250 година, иако денеска основачкиот акт не постои. Во почетокот градот бил во состав на Броцлавското Војводство. До 1290-те биле изградени градските ѕидини и шестте порти. Во овој период населението на градот се занимавало со занаетчиство и трговија. Во периодот од 1291-1392, Швидница бил бил главен град на Швидничкото Војводство.

Кон крајот на 14 век градот бил под власт на Кралство Бохемија, период во кој започнал голем економски развој. Последниот полски пјаст бил војводата Болко II, а по неговата смрт во 1368 година војводството било преземено од страна на неговата сопруга. По нејзината смрт војводството било приклучено кон Бохемија а подоцна и кон Светото Римско Царство. Во 1493 година, градот бил споменет од страна Хартман Шедел во неговата Nuremberg Chronicle.

Во 1526 година, целата област Шлеска бил приклучена кон територијата на Хабсбуршката Монархија. Градот бил седиште на Швидничкото Војводство. Градот во голема мера бил разрушен во времето на Триесетгодишната војна (1618-1648). Во текот на Првата шлеска војна (1740-1742), Швидница била окупирана оод страна на Кралство Прусија. Таа потоа се претвори во тврдина од страна на Фридрих Велики.

Швидница повторно била окупирана од страна на Австрија кон крајот на 1762 година, за време на Третата шлеска војна но останала пруска територија по завршувањето на војната. Потоа, таа станала дел Германското Царство во 1871 година за време на обединувањето на Германија и останала во територијата на Германија до крајот на Втората светска војна.

По поразот на Нацистичка Германија во 1945 година, градот како и поголемиот дел од Шлеска станал дел од Полска. Голем дел од германското население било протерано во Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во историската област Долна Шлеска. Сместен е крај реката Бистшица, југозападно од Вроцлав и североисточно од Валбжих во Шлеското Војводство.

Население[уреди | уреди извор]

  • 1939 - 39 052
  • 1946 - 21 448
  • 1960 - 39 078
  • 1970 - 47 673
  • 1978 - 54 900
  • 1988 - 62 184
  • 1997 - 65 167
  • 2002 - 61 189
  • 2009 - 59 754

Образование[уреди | уреди извор]

Швидница е дом на колеџот за комуникациска технологија.

Градби[уреди | уреди извор]

Готската црква на Св. Станислав и Вацлав од 14 век има највисока кула во Шлеска, со 103 метри височина. Евангелистичката црква на мирот била изградена во 1656-1657 година и е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Црквата Св. Јосиф и црквата Св. Кристофер биле изградени во стил на барок. Во градот се наоѓа и параклисот посветен на Св. Барбара.

Други значајни дестинации се стариот дел на градот и плоштадот Стари Ринек, замокот Gola Dzierżoniowska, средновековниот град Ниемца и.т.н.

Личности[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]