Прејди на содржината

Светско првенство во фудбал 2026

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светско првенство во фудбал 2026
  • 2026 FIFA World Cup
  • Copa Mundial de la FIFA 2026
  • Coupe du Monde de la FIFA 2026
Податоци за првенството
ЗемјиКанада Канада
Мексико Мексико
САД САД
Датум на одржување11 јуни – 19 јули
Екипи48 (од 6 конфедерации)
Стадиони16 (во 16 градови домаќини)
2022
2030

Светско првенство во фудбал 2026 — 23. светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Турнирот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година.[1] Ќе биде одржано во шеснаесет градови домаќини, единаесет во Соединетите Американски Држави, три во Мексико и два во Канада. Турнирот ќе биде првото Светско првенство во фудбал кое ќе биде одржано во три нации и првото кое ќе вклучува 48 екипи, што е проширување од 32.

Кандидатурата на Обединетите нации за 2026 година ја победила конкурентската кандидатура на Мароко за време на финалното гласање на 68-от Конгрес на ФИФА во Москва. Ова ќе биде првото Светско првенство од 2002 година кое ќе има повеќе од еден домаќин. Со претходните домаќинства на турнирите во 1970 и 1986, Мексико ќе стане првата земја што три пати ќе биде домаќин или ко-домаќин на Светското првенство. Соединетите Американски Држави претходно биле домаќини на Светското првенство во 1994. Спротивно на тоа, ова ќе биде прв пат Канада да биде домаќин или ко-домаќин на машкиот турнир. Настанот ќе се врати во својот традиционален летен распоред на Северната хемисфера откако Светското првенство во 2022 во Катар се одржало во ноември и декември.

Како земји домаќини, Канада, Мексико и САД автоматски се квалификувале. Зелено'ртските Острови, Курасао, Јордан и Узбекистан ќе го имаат своето деби на Светското првенство. Аргентина е бранител на титулата, откако ја освоила својата трета титула на Светското првенство во 2022 година.

  1. „FIFA World Cup 26 – Match Schedule“ (PDF). FIFA. February 4, 2024. Архивирано од изворникот (PDF) на February 5, 2024. Посетено на February 4, 2024.