Светско првенство во водени спортови 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XVII Светско првенство на ФИНА
Домаќин: Будимпешта, Унгарија
Дата: 14 – 30 јули
Стадион(и): Дунав арена
Езеро Балатон
Национална пливачка
арена Алфред Хајош
Држави: 182

XVII Светско првенство во водени спортови (унгарски: 2017-es úszó-világbajnokság) беше одржано во Будимпешта, Унгарија од 14 до 30 јули 2017 година.[1][2] Во склоп на првенството се наоѓале шест поединечни спортови, и тоа: пливање, ватерполо, скокови во вода, високи скокови во вода, далечинско и синхронизирано пливање.

Избор на домаќин[уреди | уреди извор]

На 15 јули 2011 година, на генералниот конгрес на ФИНА одржан во Шангај, град домаќин за Светското првенство во водени спортови 2017 бил избран Гвадалахара (Мексико). На истото гласање за град домаќин на Светското првенство во водени спортови 2015 бил избран Казањ (Русија), додека кандидатурата на Хонг Конг (Кина) била одбиена. Градовите Гуангжу (Кина) и Монтреал (Канада) ги повлекле своите кандидатури набрзо пред почетокот на гласањето.

Во февруари 2015 година Мексико се откажал од организирање на Светското првенство поради финансиски причини.[3] На 11 март 2015 година, било објавено дека Будимпешта ќе биде град домаќин на првенството.[4] Градот првично планирал да се кандидира за Светското првенство 2021. [5].

Спортски објекти[уреди | уреди извор]

Двата главни спортски објекти на кои биле одржани натпреварите биле лоцирани во Будимпешта: Дунав арената, ново изграден пливачки комплекс за пливање и скокови во вода на источниот брег на реката Дунав, северно од островот Маргит, и постоечката Национална пливачка арена Алфред Хајош, која се наоѓа на островот Маргит, за ватерполо. Трките во далечинско пливање биле одржани на Езерото Балатон.[6] Натпреварите во високи скокови во вода и синхронизирано пливање биле одржани во привремени објекти во Будимпешта.

Распоред[уреди | уреди извор]

Биле доделени медали во вкупно 75 натпревари во шест поединечни спортови.

Свечено отварање Други натпреварувања Финални натпревари Свечено затворање М Мажи Ж Жени
Јули 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Вкупно
Церемонии 75
Пливање 4 4 5 5 5 5 6 8 42
Далечинско пливање 1 1 1 1 1 2 7
Синхронизирано пливање 1 1 1 1 1 1 1 2 9
Скокови во вода 3 2 2 1 1 1 1 2 13
Високи скокови во вода 1 1 2
Ватерполо Ж М Ж М Ж М Ж М Ж М Ж М Ж М 2

Табела на медали[уреди | уреди извор]

  *   Земја домаќин

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Знаме на САД САД 21 12 13 46
2 Знаме на НР Кина Кина 12 12 6 30
3 Знаме на Русија Русија 11 6 8 25
4 Знаме на Франција Франција 6 1 2 9
5 Знаме на Обединето Кралство Обединето Кралство 5 3 3 11
6 Знаме на Италија Италија 4 3 9 16
7 Знаме на Австралија Австралија 3 5 4 12
8 Знаме на Шведска Шведска 3 1 0 4
9 Знаме на Унгарија Унгарија 2 5 2 9
10 Знаме на Бразил Бразил 2 4 2 8
11 Знаме на Шпанија Шпанија 1 5 0 6
12 Знаме на Холандија Холандија 1 4 1 6
13 Знаме на Канада Канада 1 1 5 7
14 Знаме на Малезија Малезија 1 0 1 2
Знаме на ЈАР ЈАР 1 0 1 2
16 Знаме на Хрватска Хрватска 1 0 0 1
17 Знаме на Јапонија Јапонија 0 4 5 9
18 Знаме на Украина Украина 0 2 7 9
19 Знаме на Германија Германија 0 2 1 3
20 Знаме на Мексико Мексико 0 2 0 2
21 Знаме на Северна Кореја Северна Кореја 0 1 1 2
22 Знаме на Чешка Чешка 0 1 0 1
Знаме на Еквадор Еквадор 0 1 0 1
Знаме на Полска Полска 0 1 0 1
25 Знаме на Белорусија Белорусија 0 0 2 2
26 Знаме на Данска Данска 0 0 1 1
Знаме на Египет Египет 0 0 1 1
Знаме на Србија Србија 0 0 1 1
Знаме на Сингапур Сингапур 0 0 1 1
Вкупно 75 76 77 228

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FINA Announces Dates for 2017 World Championships; Masters Worlds to Follow published by SwimSwam on 17 June 2014.
  2. [1] Архивирано 20 July 2011 во Wayback Machine. (Kazan (RUS) and Guadalajara (MEX), next organisers ); posted by the Federation Internationale de Natation (FINA) on 15 July 2011; retrieved 2011-08-01.
  3. «México renuncia al Mundial de Natación 2017 por falta de dinero». El Mundo, 18 February 2015.
  4. Budapest (HUN) to host FINA World Championships in 2017 Архивирано 27 August 2015 во Wayback Machine.
  5. «Gwangju, Budapest win right to host worlds» Reuters, 31 July 2017
  6. Budapest's New Pool To Host FINA Words in 2017 posted by swimvortex.com; retrieved 23 July 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]