Светски ден на радиото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светскиот ден на радиото
Día Mundial de la Radio
Journée mondiale de la radio
Светскиот ден на радиото Día Mundial de la Radio Journée mondiale de la radio
Лого на Светскот ден на радиото, усвоено од Меѓународниот комитет на радиото
Наречен иСветски ден на радиото
Го празнува(ат)Членки на ООН
Датум13 февруари
ПрославаУНЕСКО

Во 2013-та година, Генералното собрание на Обединетите Нации ја одобрила прокламацијата на УНЕСКО за Светски ден на радиото да биде 13-ти февруари[1]. На овој ден се слави радиото како медиум кој едуцира, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите.Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина.Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.

Според УНЕСКО, „како што радиото еволуира во дигиталната ера, тоа останува медиум со поголема публика на светско ниво отколку кој било друга медиумска форма. Тоа ги охрабрува луѓето, вклучително и младите, да се вклучат во дискусиите за темите кои ги засегнуваат. Тоа може да спаси животи во време на несреќи и природни непогоди, а им нуди на новинарите платформа да ги раскажат нивните приказни.“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Денеска е Светски ден на радиото | TV Nova". tvnova.mk (mk-MK). конс. 2018-02-13.