Светски ден на населението

Светски ден на населението — годишен настан, кој се одбележува на 11 јули секоја година, а има за цел да ја подигне свеста за глобалните проблеми со популацијата. Настанот е воспоставен од страна на Управниот совет на Програмата за развој на Обединетите нации во 1989 година.[2] Инспириран е од јавниот интерес за Денот на пет милијарди на 11 јули 1987 година, приближниот датум на кој светската популација достигнала пет милијарди луѓе. Светскиот ден на населението има за цел да ја зголеми свеста на луѓето за различни прашања поврзани со популацијата, како што се важноста на планирањето на семејството, родовата еднаквост, сиромаштијата, здравјето на мајките и човековите права.[3]
Денот го предложил д-р К.Ц.Захарија, кој работел како виш демограф во Светската банка.[4] Додека интересот на печатот и општата свест за глобалната популација се зголемуваат со зголемување од цели милијарди луѓе, светската популација се зголемува за 100 милиони приближно на секои 14 месеци. Светската популација била проценета на 7.400.000.000 на 6 февруари 2016 година и достигнала 7.500.000.000 на 24 април 2017 година. Светската популација достигнала 7.700.000.000 во 2019 година.[5]
Во ноември 2020 година, УНФПА, заедно со владите на Кенија и Данска, свикала конференција на високо ниво во Најроби за да ги забрза напорите за постигнување на овие неостварени цели. На Светскиот ден на населението, застапниците од целиот свет апелирале до лидерите, креаторите на политики, организаторите на локално ниво, институциите и другите да помогнат репродуктивното здравје и права да станат реалност за сите.[6] Светската популација официјално достигнала 8 милијарди луѓе на 15 ноември 2022 година, според Обединетите нации.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Roser, Max; Ritchie, Hannah; Ortiz-Ospina, Esteban (2013-05-09). „World Population Growth“. Our World in Data.
- ↑ „World Population Day 2021: Empower Women To Exercise Choice Over Their Bodies And Fertility“. S A NEWS (англиски). 2021-07-11. Посетено на 2020-07-11.
- ↑ „World Population Day: Health And Rights Of Women In The Time Of COVID-19“. NDTV.com. Посетено на 2020-07-11.
- ↑ „World Population Day 2020 Date & Theme: Know History and Significance of the Annual Event That Seeks to Raise Awareness of Global Population Issues | 🙏🏻 LatestLY“. LatestLY (англиски). 2020-07-09. Посетено на 2020-07-13.
- ↑ „Worldometers real time world statistics“. Посетено на April 22, 2017.
- ↑ Nations, United. „World Population Day“. United Nations (англиски). Посетено на 2020-07-11.