Светски ден на Сонцето
Светски ден на Сонцето (англиски: World Sun Day) — годишна прослава што се слави секоја година на 3 мај, со цел да се шири свеста за важноста на Сонцето и енергијата што ни ја носи Сонцето.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Сонцето е ѕвезда стара 4,5 милијарди години во средиштетот на нашиот Сончев Систем.[2] Тоа е извор на живот на планетата Земја и ни овозможува погодини услови за живот на планетата. Покрај тоа што Сонцето обезбедува светлина и температура на Земјата, луѓето почнале да ја користат и сончевата енергија за производство на електрична енергија, со што значително се намалувало негативното влијание на Сонцето, односно глобалното затоплување предизвикано од човекот што користи необновливи извори на енергија и создава озонски дупки во обвивката на Земјата со ефектот на стаклена градина. Освен егзистенцијалното значење за животот на планетата Земја, Сонцето игра многу важна улога и во Зелената транзиција и употребата на чиста обновлива енергија.[1]
Во 1978 година Светскиот ден на Сонцето за прв пат бил одбележан на иницијатива на претседателот на Соединетите Американски Држави Џими Картер. Тој на 3 мај 1978 година го посетил Институтот за истражување на сончева енергија во Денвер со цел да го привлече вниманието на важноста и влијанието на Сонцето врз животот на нашата планета. Истиот ден, од другата страна на земјата, десетици луѓе се собрале на планината Кадилак во Мејн, местото каде што, наводно, сончевите зраци првпат ги допреле Соединетите Држави. Американскиот глумец и режисер Роберт Редфорд пред насобраната толпа изјавил дека ниту една земја не може да постави ембарго на Сонцето.[3] Двата настани имале заеднички ефект врз тоа што тој ден почнал да се слави во САД. Многу земји ширум светот им се придружиле на САД во прославувањето на Денот на Сонцето, а наскоро и официјално бил прогласен за Светски ден на Сонцето. Оттогаш, научниците имаат сè повеќе можности и простор да истражуваат за оваа ѕвезда.[1] [4]
Сонцето е старо помалку од пет милијарди години, а бидејќи секоја ѕвезда има ограничен животен век, и Сонцето има крај на животот. Се смета дека има гориво уште пет милијарди години, односно дека е некаде на средината од својот живот. Тој е од непроценливо значење за целиот живот на Земјата, а целта на одбележувањето на овој ден е да се истакне неговата важност.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Svetski dan Sunca“. oie.rs. Посетено на 11. 6. 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „World Sun Day“. internationaldays.co. Посетено на 11. 6. 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Svetski dan Sunca: Koliko će još sijati najvažnija zvezda našeg univerzuma“. bbc.com. Посетено на 11. 6. 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „3. MAJ – SVETSKI DAN SUNCA“. cuvariravnice.org.rs. Посетено на 11. 6. 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Svetski dan Sunca – koliko je važna naša zvezda stara pet milijardi godina“. rts.rs. Посетено на 11. 6. 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)