Светска турнеја UCI 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светска турнеја UCI 2018
Десетто издание на Светска турнеја UCI
Лого на Светската турнеја {!}alt=Logo
Лого на Светската турнеја
Детали
Датуми16 јануари – 21 октомври
МестаАвстралија, Европа, Азија и Северна Америка
Трки37
Champions
Индивидуален пласман Сајмон Јејтс (ВБР) (Мичелтон-Скот)
Екипен пласманКвик-Степ Флорс
2017
2019


Светска турнеја UCI 2018 — десетто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година, кој вклучувал триесет и седум друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2018.[1]

Натпреварувањето е предвидено да започне со воведната етапа на Тур Даун Андер на 16 јануари и ќе заврши со Трката околу Гуангси на 21 октомври.[2] Белгиецот Грег ван Авермет бил бранител на титулата.[3]

Ван Авермет не можел да ја одбрани својата титутла, откако не успеал да постигне ниту една поединечна победа - меѓутоа бил дел од три победи во екипен хронометар за БМЦ Рејсинг Тим – завршувајќи на петтото место во бодовниот пласман. Пласманот по прв пат бил освоен од британски возач, Сајмон Јејтс, кој вози за екипата Мичелтон-Скот, освојувајќи 3.072 бода во сезоната.[4] Јејтс бил последен од четворицата возачи кои го преземале водството во пласманот во текот на сезоната; порано во 2018 година бил високопласиран, забележувајќи етапни победи на Париз-Ница[5] и на Волта а Каталуња,[6] пред пробивот на Џиро д’Италија со три етапни победи и тринаесет дена во водство на трката; на крајот, Јејтс опаднал на планините во текот на третата недела и го предал водството и победата на сонародникот Крис Фрум.[7] По уште една етапна победа и второ место на Трката околу Полска,[8] Јејтс ја освоил својата прва голема трка со победата на Вуелта а Еспања,[9] преземајќи го водството на трката по етапна победа на етапата 14,[10] и водството на пласманот кога трката завршила.[4]

На второто место се нашол Словакот, Петер Саган, 80 бода зад него, кој возел за Бора-Хансгрое.[4] Саган го предводел пласманот поголемиот дел од сезоната, забележувајќи шест последователни високи пласмани на пролетните класици, со победи на Гент-Вевелгем,[11] и по прв пат, на Париз-Рубе.[12] Саган освоил три етапи на Тур де Франс, откако го освоил по рекорден шести пат бодовниот пласман,[13] но не успеал да освои ниту една етапа на Вуелта а Еспања, каде Јејтс го презел водството. На третото место, со 2.609 бода,[4] бил Алехандро Валверде од Шпанија, кој возел за Мовистар Тим. Валверде бил во водство во пласманот пролетта, победувајќи на Трката Абу Даби,[14] и на Волта а Каталуња,[6] во февруари и март – освојувајќи три етапи на овие трки исто така – пред две етапни победи и победата во бодовниот пласман на Вуелта а Еспања.

Во екипниот пласман, Квик-Степ Флорс преовладал со 13.425,97 бода, држејќи го водството во пласманот скоро три четвртини од сезоната. Екипата освоила 37 победи – од вкупно 73 победи на сите трки во UCI[15] – во рамки на Светската турнеја, вклучувајќи седум победи во генерален пласман освоени од Ники Терпстра (Е3 Харелбеке и Трка околу Фландрија),[16][17] Ив Ламперт (Дварс дор Вландерен),[18] Жилијан Алафилип (Флеш Валон и Класика де Сан Себастијан),[19][20] Боб Јунгелс (Лиеж-Бастоњ-Лиеж),[21] и Елија Вивијани (Јуроајс Класик).[22] Екипата, исто така, освоила 13 етапни победи на големите трки, со две маички освоени од Вивијани (бодовен пласман на Џиро д’Италија),[23] и од Алафилип, кој го освоил планинскиот пласмна на Тур де Франс.[24] Минатогодишните победници, Тим Скај, завршиле втори со 10.213 бодови, откако екипата освоила две од трите големи трки; Фрум станал седми возач, кој ги освоил трите големи трки со успехот на Џиро д’Италија,[25] додека Герант Томас го освоил Тур де Франс,[26] по успехот на Критериум ди Дофине.[27] Тим Скај освоил уште четири други победи во генерален пласман: Михал Квјатковски ја освоил Тирено-Адријатико,[28] и Трката околу Полска,[8] Еган Бернал ја освоил Трката околу Калифорнија во неговата прва сезона со екипата,[29] додека Џани Москон ја освоил завршната Трка околу Гуангси.[30] Со 9.201 бодови, Бора-Хансгрое завршиле на третото место, главно поради резултатите на Саган и победи на Џеј Мекарти (Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“),[31] и Паскал Акерман на Класик Лондон-Сари.[32] Акерман и Сем Бенет исто така освоил единаесет етапни победи во текот на сезоната, а Бенет освоил три етапи на Џиро д’Италија.[33]

Екипи[уреди | уреди извор]

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2018 година се следниве:

Екипи во Светската турнеја 2018 и нивната опрема[34]
Код Официјално име Земја Делови Велосипед
ALM АГ2Р-Ла Мондијал  Франција Шимано Фактор Бајкс 02
AST Астана  Казахстан Шимано Аргон 18
TBM Бахреин-Мерида Бахреин Бахреин Шимано Мерида
BMC БМЦ Рејсинг Тим  САД Шимано БМЦ
BOH Бора-Хансгрое  Германија TBC Спешалајзд
DDD Тим Дименжн Дата Јужна Африка ЈАР Шимано/Ротор Сервело
EFD ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак  САД Шимано / ФСА Канондејл
FDJ ФДЖ  Франција Шимано Лапјер
TKA Катјуша-Алпесин  Швајцарија СРАМ Кањон
TLJ Лото НЛ-Џамбо  Холандија Шимано Бјанки
LTS Лото-Судал  Белгија Кампањоло Ридли
MTS Мичелтон-Скот Австралија Австралија Шимано Скот
MOV Мовистар Тим  Шпанија Кампањоло Кањон
QST Квик-Степ Флорс  Белгија Шимано
ФСА
Спешалајзд
SKY Тим Скај  Обединето Кралство Шимано Пинарело
SUN Тим Санвеб  Германија Шимано Џајант
TFS Трек-Сегафредо  САД Шимано Трек
UAD ОАЕ Тим Емирати Обединети Арапски Емирати Обединети Арапски Емирати Кампањоло Колнаго

Настани[уреди | уреди извор]

Трки во Светската турнеја UCI 2018[1]
Трка Датум Победник Втор Трет Етапни бодови Бодови за предводникот
Австралија Тур Даун Андер 16–21 јануари  Дарил Импи (ЈАР) 500 бода  Ричи Порт (АВС) 400 бода  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
Австралија Голема океанска друмска трка 28 јануари  Џеј Мекарти (АВС) 300 бода  Елија Вивијани (ИТА) 250 бода  Дарил Импи (ЈАР) 215 бода Н/П
ОАР Трка Абу Даби 21–25 февруари  Алехандро Валверде (ШПА) 300 бода  Вилко Келдерман (ХОЛ) 250 бода  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) 215 бода 40, 15, 6 6 бода
Белгија Омлоп Хет Ниусблад 24 февруари  Михаел Валгрен (ДАН) 300 бода  Лукаш Вишњовски (ПОЛ) 250 бода  Сеп Ванмарке (БЕЛ) 215 бода Н/П
Италија Страде Бјанке 3 март  Тиш Бенот (БЕЛ) 300 бода  Ромен Барде (ФРА) 250 бода  Ваут ван Ерт (БЕЛ) 0 бода[б 1] Н/П
Франција Париз-Ница 4–11 март  Марк Солер (ШПА) 500 бода  Сајмон Јејтс (ВБР) 400 бода  Горка Изагире (ШПА) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
Италија Тирено-Адријатико 7–13 март  Михал Квјатковски (ПОЛ) 500 бода  Дамијано Карузо (ИТА) 400 бода  Герајнт Томас (ВБР) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
Италија Милано-Сан Ремо 17 март  Винченцо Нибали (ИТА) 500 бода  Кејлеб Јуан (АВС) 400 бода  Арно Демар (ФРА) 325 бода Н/П
Шпанија Волта а Каталуња 19–25 март  Алехандро Валверде (ШПА) 400 бода  Наиро Кинтана (КОЛ) 320 бода  Пјер Латур (ФРА) 260 бода 50, 20, 8 8 бода
Белгија Е3 Харелбеке 23 март  Ники Терпстра (ХОЛ) 400 бода  Филип Жилбер (БЕЛ) 320 бода  Грег ван Авермет (БЕЛ) 260 бода Н/П
Белгија Гент-Вевелгем 25 март  Петер Саган (СВК) 500 бода  Елија Вивијани (ИТА) 400 бода  Арно Демар (ФРА) 325 бода Н/П
Белгија Дварс дор Вландерен 28 март  Ив Ламперт (БЕЛ) 300 бода  Мике Тенисен (ХОЛ) 250 бода  Сеп Ванмарке (БЕЛ) 215 бода Н/П
Белгија Трка околу Фландрија 1 април  Ники Терпстра (ХОЛ) 500 бода  Мадс Педерсен (ДАН) 400 бода  Филип Жилбер (БЕЛ) 325 бода Н/П
Шпанија Трка околу Баскија 2–7 април  Примож Роглич (СЛО) 400 бода  Микел Ланда (ШПА) 320 бода  Јон Изагире (ШПА) 260 бода 50, 20, 8 8 бода
Франција Париз-Рубе 8 април  Петер Саган (СВК) 500 бода  Силван Дилје (ШВА) 400 бода  Ники Терпстра (ХОЛ) 325 бода Н/П
Холандија Амстел Голд Рејс 15 април  Михаел Валгрен (ДАН) 500 бода  Роман Кројцигер (ЧЕШ) 400 бода  Енрико Гаспарото (ИТА) 325 бода Н/П
Белгија Флеш Валон 18 април  Жилијан Алафилип (ФРА) 400 бода  Алехандро Валверде (ШПА) 320 бода  Јеле Ванендерт (БЕЛ) 260 бода Н/П
Белгија Лиеж-Бастоњ-Лиеж 22 април  Боб Јунгелс (ЛУК) 500 бода  Мајкл Вудс (КАН) 400 бода  Ромен Барде (ФРА) 325 бода Н/П
Швајцарија Тур де Романди 24–29 април  Примож Роглич (СЛО) 500 бода  Еган Бернал (КОЛ) 400 бода  Ричи Порт (АВС) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
Германија Трка околу Франкфурт 1 мај  Александер Кристоф (НОР) 300 бода  Мајкл Метјус (АВС) 250 бода  Оливер Незен (БЕЛ) 215 бода Н/П
Италија Џиро д’Италија 5–27 мај  Крис Фрум (ВБР) 850 бода  Том Димулен (ХОЛ) 680 бода  Мигел Анхел Лопес (КОЛ) 575 бода 100, 40, 20, 12, 4 20 бода
САД Трка околу Калифорнија 13–19 мај  Еган Бернал (КОЛ) 300 бода  Тиџеј ван Гардерен (САД) 250 бода  Даниел Мартинес (КОЛ) 215 бода 40, 15, 6 6 бода
Франција Критериум ди Дофине 3–10 јуни  Герајнт Томас (ВБР) 500 бода  Адам Јејтс (ВБР) 400 бода  Ромен Барде (ФРА) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
Швајцарија Тур де Свис 9–17 јуни  Ричи Порт (АВС) 500 бода  Јакоб Фуглсанг (ДАН) 400 бода  Наиро Кинтана (КОЛ) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
Франција Тур де Франс 7–29 јули  Герајнт Томас (ВБР) 1000 бода  Том Димулен (ХОЛ) 800 бода  Крис Фрум (ВБР) 675 бода 120, 50, 25, 15, 5 25 бода
Обединето Кралство Класик Лондон-Сари 29 јули  Паскал Акерман (ГЕР) 300 бода  Елија Вивијани (ИТА) 250 бода  Џакомо Ницоло (ИТА) 215 бода Н/П
Шпанија Класика де Сан Себастијан 4 август  Жилијан Алафилип (ФРА) 400 бода  Бауке Молема (ХОЛ) 320 бода  Антони Ру (ФРА) 260 бода Н/П
Полска Трка околу Полска 4–10 август  Михал Квјатковски (ПОЛ) 400 бода  Сајмон Јејтс (ВБР) 320 бода  Тибо Пино (ФРА) 260 бода 50, 20, 8 8 бода
Белгија/Холандија БинкБенк Тур 13–19 август  Матеј Мохорич (СЛО) 400 бода  Мајкл Метјус (АВС) 320 бода  Тим Веленс (БЕЛ) 260 бода 50, 20, 8 8 бода
Германија Јуроајс Класик 19 август  Елија Вивијани (ИТА) 400 бода  Арно Демар (ФРА) 320 бода  Александер Кристоф (НОР) 260 бода Н/П
Шпанија Вуелта а Еспања 25 август  – 16 септември  Сајмон Јејтс (ВБР) 850 бода  Енрик Мас (ШПА) 680 бода  Мигел Анхел Лопес (КОЛ) 575 бода 100, 40, 20, 12, 4 20 бода
Франција Класик Бретања 26 август  Оливер Незен (БЕЛ) 400 бода  Михаел Валгрен (ДАН) 320 бода  Тим Веленс (БЕЛ) 260 бода Н/П
Канада ГП Квебек 7 септември  Мајкл Метјус (АВС) 500 бода  Грег ван Авермет (БЕЛ) 400 бода  Јаспер Стејвен (БЕЛ) 325 бода Н/П
Канада ГП Монтреал 9 септември  Мајкл Метјус (АВС) 500 бода  Сони Колбрели (ИТА) 400 бода  Грег ван Авермет (БЕЛ) 325 бода Н/П
Турција Трка околу Турција 9–14 октомври  Едуард Прадес (ШПА) 0 бода[б 2]  Алексеј Луценко (КАЗ) 250 бода  Нејтан Хас (АВС) 215 бода 40, 15, 6 6 бода
Италија Џиро ди Ломбардија 13 октомври  Тибо Пино (ФРА) 500 бода  Винченцо Нибали (ИТА) 400 бода  Дилан Тенс (БЕЛ) 325 бода Н/П
Кина Трка околу Гуангси 16–21 октомври  Џани Москон (ИТА) 300 бода  Феликс Гросшартнер (АВТ) 250 бода  Сергеј Чернецки (РУС) 215 бода 40, 15, 6 6 бода
Забелешки
  1. Бидејќи Ван Ерт возел за Верандас Вилемс-Крелан, која не е екипа од Светската турнеја, не можел да освои бодови за пласмани од Светската турнеја.
  2. Бидејќи Прадес возел за Еускади Баск Кантри-Муријас, која не е екипа од Светската турнеја, не можел да освои бодови за пласмани од Светската турнеја.

Поредок[уреди | уреди извор]

Поединечен[уреди | уреди извор]

[35]

Возачите изедначени со ист број на бодови се подредуваат по бројот на победи, потоа бројот на втори места, трети места и така натаму, во рамките на трките и етапите од Светската турнеја.

Место Име Екипа Бодови
1  Сајмон Јејтс (ВБР) Мичелтон-Скот 3.072
2  Петер Саган (СВК) Бора-Хансгрое 2.992
3  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим 2.609
4  Герант Томас (ВБР) Тим Скај 2.534,25
5  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 2.442,14
6  Елија Вивијани (ИТА) Квик-Степ Флорс 2.399
7  Мајкл Метјус (АВС) Тим Санвеб 2.393,19
8  Жилијан Алафилип (ФРА) Квик-Степ Флорс 2.161,12
9  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 1.976,68
10  Том Димулен (ХОЛ) Тим Санвеб 1.975,62
11  Примож Роглич (СЛО) Лото НЛ-Џамбо 1.951
12  Михаел Валгрен (ДАН) Астана 1.803
13  Мигел Анхел Лопес (КОЛ) Астана 1.610
14  Ромен Барде (ФРА) АГ2Р-Ла Мондијал 1.530
15  Оливер Незен (БЕЛ) АГ2Р-Ла Мондијал 1.516
16  Михал Квјатковски (ПОЛ) Тим Скај 1.515,25
17  Тибо Пино (ФРА) Групама-ФДЖ 1.500
18  Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал 1.480
19  Јаспер Стејвен (БЕЛ) Трек-Сегафредо 1.459
20  Стевен Краусвејк (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо 1.456
21  Арно Демар (ФРА) Групама-ФДЖ 1.447
22  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 1.417
23  Јон Изагире (ШПА) Бахреин-Мерида 1.403
24  Ники Терпстра (ХОЛ) Квик-Степ Флорс 1.380,12
25  Ричи Порт (АВС) БМЦ Рејсинг Тим 1.368,57
  • 418 возачи забележале бодови. 198 други возачи завршиле на места кои носат бодови, но биле од екипи надвор од Светската турнеја.

Екипен[уреди | уреди извор]

Екипниот пласман се пресметувал со додавање на бодовите на сите возачи од екипата.[36]

Место Екипа Бодови
1 Квик-Степ Флорс 13.425,97
2 Тим Скај 10.213
3 Бора-Хансгрое 9.201
4 БМЦ Рејсинг Тим 8.779,97
5 Мичелтон-Скот 8.660,03
6 Астана 7.869[б 1]
7 Бахреин-Мерида 7.409
8 Мовистар Тим 7.351
9 Тим Санвеб 7.266,95
10 Лото НЛ-Џамбо 7.059
11 АГ2Р-Ла Мондијал 6.397
12 ОАЕ Тим Емирати 5.495
13 Трек-Сегафредо 5.428
14 Групама-ФДЖ 5.102
15 Лото-Судал 4.700,01
16 ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак 4.373
17 Катјуша-Алпесин 2.757
18 Тим Дименжн Дата 2.017[б 2]
Забелешки
  1. Според UCI 7.859 бода, пропуштајќи ги бодовите на Трулс Корсет од Париз-Рубе.
  2. Според UCI 1.953 бода, пропуштајќи ги бодовите на Игор Антон од Трката околу Баскија, Класика де Сан Себастијан и Вуелта а Еспања.

Напредок во водството[уреди | уреди извор]

Трка
(победник)
Поединечен Екипен
Тур Даун Андер
(Дарил Импи)
Дарил Импи Мичелтон-Скот
Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
(Џеј Мекарти)
Омлоп Хет Ниусблад
(Михаел Валгрен)
Трка Абу Даби
(Алехандро Валверде)
Квик-Степ Флорс
Страде Бјанке
(Тиш Бенот)
Париз-Ница
(Марк Солер)
Мичелтон-Скот
Тирено-Адријатико
(Михал Квјатковски)
Милано-Сан Ремо
(Винченцо Нибали)
Е3 Харелбеке
(Ники Терпстра)
Волта а Каталуња
(Алехандро Валверде)
Алехандро Валверде
Гент-Вевелгем
(Петер Саган)
Квик-Степ Флорс
Дварс дор Вландерен
(Ив Ламперт)
Трка околу Фландрија
(Ники Терпстра)
Петер Саган
Трка околу Баскија
(Примож Роглич)
Париз-Рубе
(Петер Саган)
Амстел Голд Рејс
(Михаел Валгрен)
Флеш Валон
(Жилијан Алафилип)
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
(Боб Јунгелс)
Тур де Романди
(Примож Роглич)
Трка околу Франкфурт
(Александер Кристоф)
Трка околу Калифорнија
(Еган Бернал)
Џиро д’Италија
(Крис Фрум)
Критериум ди Дофине
(Герант Томас)
Тур де Свис
(Ричи Порт)
Класик Лондон-Сари
(Паскал Акерман)
Тур де Франс
(Герант Томас)
Класика де Сан Себастијан
(Жилијан Алафилип)
Трка околу Полска
(Михал Квјатковски)
Јуроајс Класик
(Елија Вивијани)
БинкБенк Тур
(Матеј Мохорич)
Класик Бретања
(Оливер Незен)
ГП Квебек
(Мајкл Метјус)
ГП Монтреал
(Мајкл Метјус)
Вуелта а Еспања
(Сајмон Јејтс)
Сајмон Јејтс
Џиро ди Ломбардија
(Тибо Пино)
Трка околу Турција
(Едуард Прадес)
Трка околу Гуангси
(Џани Москон)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "UCI announces 2018 road calendar". Cycling News. конс. 20 октомври 2017. 
  2. "2018 UCI WorldTour calendar unveiled". Velon. конс. 20 октомври 2016. 
  3. Roche and Hermans lead BMC at inaugural Tour of Guangxi“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 16 октомври 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Simon Yates to be crowned WorldTour champion ahead of Peter Sagan“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 15 октомври 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  5. Вин, Најџел. „Simon Yates wins Paris-Nice's big climbing stage to take overall lead“, „Cycling Weekly“, TI Media, 10 март 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  6. 6,0 6,1 Volta a Catalunya: Simon Yates wins final stage, Valverde takes overall“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 25 март 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  7. Giro d'Italia: I'll come back stronger, says Simon Yates“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 28 мај 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  8. 8,0 8,1 Фотерингем, Аласдер. „Tour de Pologne: Yates tests Kwiatkowski with stunning late breakaway and stage win“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 10 август 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  9. Кери, Том. „Simon Yates 'in shock' after Briton claims historic Vuelta a Espana victory“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 16 септември 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  10. Simon Yates: British cyclist wins first Grand Tour at Vuelta a Espana“, „BBC Sport“, BBC, 16 септември 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  11. Gent-Wevelgem: Peter Sagan claims record-equalling third title in Belgian race“, „BBC Sport“, BBC, 25 март 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  12. Paris-Roubaix: World champion Peter Sagan wins first title“, „BBC Sport“, BBC, 25 март 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  13. Peter Sagan toughs it out to win his sixth green jersey in Paris“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 30 јули 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  14. Abu Dhabi, stage 5: Valverde climbs to stage win and overall title“, „VeloNews“, Competitor Group, 25 февруари 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  15. Quick-Step Floors end the season in style“, „Квик-Степ Флорс“, Decolef, 21 октомври 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  16. О’Ши, Садб. „Terpstra wins E3 Harelbeke“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 23 март 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  17. Terpstra eerste Nederlandse winnaar sinds 1986“, „De Telegraaf“, Telegraaf Media Groep, 1 април 2018 (посет. 21 октомври 2018 г). (на (холандски))
  18. Хикмот, Лери. „Dwars door Vlaanderen: Yves Lampaert Makes History“, „VeloUK“, WordPress, 28 март 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  19. Виндзор, Ричард. „Julian Alaphilippe ends Valverde dominance with powerful victory at La Flèche Wallonne 2018“, „Cycling Weekly“, TI Media, 18 април 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  20. Бенсон, Даниел. „Julian Alaphilippe wins Clasica San Sebastian“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 4 август 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  21. Liege-Bastogne-Liege: Bob Jungels claims solo win in one-day classic“, „BBC Sport“, BBC, 22 април 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  22. Виндзор, Ричард. „Elia Viviani takes second consecutive victory at EuroEyes Cyclassics Hamburg“, „Cycling Weekly“, TI Media, 19 август 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  23. Elia Viviani wins the Giro d'Italia cyclamen jersey“, „Квик-Степ Флорс“, Decolef, 27 мај 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  24. Julian Alaphilippe wins Tour de France polka dot jersey“, „Квик-Степ Флорс“, Decolef, 29 јули 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  25. Chris Froome wins Giro d'Italia to claim historic Grand Tour treble“, „BBC Sport“, BBC, 27 мај 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  26. Скривенер, Питер. „Tour de France: Geraint Thomas wins as Chris Froome finishes third“, „BBC Sport“, BBC, 29 јули 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  27. Geraint Thomas wins Critérium du Dauphiné ahead of Adam Yates“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 10 јуни 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  28. Kwiatkowski wins Tirreno-Adriatico (2)“, „ANSA.it“, Agenzia Nazionale Stampa Associata, 13 март 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  29. Bernal seals Tour of California victory“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 19 мај 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  30. Браун, Грегор. „Moscon ends season on Guangxi high, aims for 2019 Giro“, „VeloNews“, Competitor Group, 21 октомври 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  31. Маршал-Бел, Крис. „Jay McCarthy becomes first Australian to win Cadel Evans Great Ocean Road Race“, „Cycling Weekly“, TI Media, 28 јануари 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  32. RideLondon-Surrey Classic: Pascal Ackermann beats Elia Viviani in sprint finish“, „BBC Sport“, BBC, 29 јули 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  33. Рајан, Бери. „Sam Bennett: I had such bad legs, I thought I wouldn't be able to sprint“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 27 мај 2018 (посет. 21 октомври 2018 г).
  34. "WorldTour team bike guide". конс. 1 декември 2016. 
  35. "WorldTour Ranking – 2018: Individual Ranking (21/10/2018)". Светска турнеја UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 21 октомври 2018. конс. 18 ноември 2018. 
  36. "WorldTour Ranking – 2018: Team Ranking (21/10/2018)". Светска турнеја UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 21 октомври 2018. конс. 18 ноември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]