Светска турнеја UCI 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светска турнеја UCI 2016
Осмо издание на Светска турнеја UCI
Лого на Светската турнеја
Лого на Светската турнеја
Детали
Датуми19 јануари – 1 октомври
МестаЕвропа, Канада и Австралија
Трки27
Champions
Индивидуален пласманПетер Саган (Словачка) (Тинкоф)
Екипен пласманМовистар Тим
Национален пласманШпанија
2015
2017


Светска турнеја UCI 2016 — осмо издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година. Турнејата ќе започне со воведната етапа на Тур Даун Андер на 19 јануари, а ќе заврши со екипниот хронометар на Светското првенство на 9 октомври. Шпанецот Алехандро Валверде ќе биде двократен бранител на титулата.

Валверде не успеал да ја одбрани титулата, откако завршил како четврти во генералниот поединечен пласман. Титулата по прв пат ја освоил словачкиот велосипедист Петер Саган за екипата Тинкоф, освојувајќи 669 бодови во текот на сезоната. Ова ги вклучувало победите на Гент-Вевелгем, Трката околу Фландрија и Гран при Квебек. Второто место му припаднало на колегата на Валверде од Мовистар Тим, Наиро Кинтана, 60 бодови зад Саган; Кинтана исто така освоил три трки во генералниот пласмна: Волта а Каталуња, Тур де Романди и завршната голема трка, Вуелта а Еспања. Третото место во поединечниот пласман го освоил Крис Фрум (Тим Скај), 45 бодови зад Кинтана и 105 бода зад Саган. Фрум освоил две победи во Франција во текот на сезоната на Светската турнеја, освојувајќи ги Критериум ди Дофине, како и Тур де Франс.

Имало и два други подпласмани. Во екипниот пласман, Мовистар Тим завршила на врвот четврта година по ред, освојувајќи 1471 бод. Второто место го освоила Тинкоф, 110 бода зад нив, додека Тим Скај завршил на третото место. Националниот пласман бил освоен од Шпанија, со бодовна предност од 29 од Колумбија, додека Велика Британија имала 400 бода помалку од Шпанија за третото место.

Екипи[уреди | уреди извор]

Професионалните велосипедски екипи се поделени на неколку нивоа: врвните екипи се UCI World Tour екипите и се автоматски поканети и обврзани да учествуваат на сите трки од Светската турнеја. Организарорите на секоја трка се исто така обврзани да поканат други екипи — главно профеционални континентални екипи — да настапуваат заедно со Светските екипи.[1] UCI ги одбира екипите засновано на спортски, етички, финансиски и административни критериуми.[2] Бројот на UCI World Tour е ограничен на 18. Во октомври 2015 година, 17 екипи имале ваков статус; тоа биле истите екипи кои се натпрерувале во Светската турнеја 2015.[3] Во ноември, последната лиценца била доделена на Тим Дименжн Дата, кои претходно настапувале како професионална континентална екипа под името МТН Кубека. Со тоа, вкупно 18 екипи биле избрани за Светската турнеја 2016.[2]

Покрај додавањето на Тим Дименжн Дата, имало уште две други промени во имињата на екипите за 2016 година. Екипата која во 2015 година настапувала како Тинкоф-Саксо го загубила Саксо Банк како спонзор и затоа станала Тинкоф, додека Канондејл-Гармин станале Канондејл-Драпак, иако Гармин останал спонзор на екипата.[3] Канондејл подоцна станал Канондејл-Драпак, а Орика-ГринЕЏ станал Орика-БајкЕксчејнџ како последица на промената на спонзорските договори во средината на сезоната.

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2016 година се следниве:

Код Официјално име Носител на лиценцата Земја Делови Велосипед
ALM Аг2р-Ла Мондијал EUSRL France Cyclisme  Франција СРАМ Фокус
AST Астана Abacanto SA  Казахстан Кампањоло Спешалајзд
BMC БМЦ Рејсинг Тим Continuum Sports LLC  САД Шимано БМЦ
CPT Канондејл-Драпак Slipstream Sports, LLC  САД Шимано Канондејл
DDD Тим Дименжн Дата Јужна Африка ЈАР Шимано/Ротор Сервело
EQS Етикс-Квик Степ Esperanza bvba  Белгија Шимано Спешалајзд
FDJ ФДЖ Société de Gestion de L'Echappée  Франција Шимано Лапјер
IAM ИАМ Сајклинг IAM Independent Asset Management SA  Швајцарија Шимано Скот
LAM Лампре-Мерида CGS Cycling Team AG  Италија Шимано Мерида
LTS Лото-Судал Belgian Cycling Company sa  Белгија Кампањоло Ридли
MOV Мовистар Тим Abarca Sports S.L.  Шпанија Кампањоло Кањон
OGE Орика-БајкЕксчејнџ GreenEdge Cycling Австралија Австралија Шимано Скот
TGA Џајант-Алпецин SMS Cycling B.V.  Германија Шимано Џајант
KAT Катјуша Katusha Management SA  Русија Шимано Кањон
TLJ Лото НЛ-Џамбо Rabo Wielerploegen  Холандија Шимано Бјанки
SKY Тим Скај Tour Racing Limited  Обединето Кралство Шимано Пинарело
TCS Тинкоф Tinkoff Sport  Русија Шимано Спешалајзд
TFR Трек-Сегафредо Trek Bicycle Corporation  САД Шимано Трек
Извори:[4][5][6]

Настани[уреди | уреди извор]

Сите настани од минатата сезона биле вклучени, освен Трката околу Пекинг, која повеќе немало да се организира.[7] За 2016 година, UCI вовел нов систем на пласмани кој ќе биде заедно со Светската турнеја. Новиот Светски пласман ќе трае 52 недели, слично како пласманот во тенисот.

Сите настани од минатата сезона биле вклучени, иако некои настани биле закажани на различни датуми од претходните изданија.[8]

Екипниот хронометар на Светското првенство 2016, закажано да се одржи на 9 октомври, требало да придонесе со бодови за екипниот пласман. Во август 2016 година, Меѓународниот сојуз на професионалните велосипедски екипи (AIGCP) го одобрило барањето на сите професионални екипи да се бојкотира екипниот хронометар, поради инсистирањето на UCI дека екипите треба да настапат на настанот како обврска за добивање на лиценца без да обезбеди учеснички надомест, како што е случај со другите екипи од Светската турнеја. Било објавено дека и професионалните континтентални екипи кои присуствувале на Генералното собрание на AIGCP го поддржале барањето. UCI изразил разочарување со потегот и изјавил дека „продолжува да очекува одлично учество на овогодишнешниот екипен хронометар на Светското првенство“.[9] Меѓутоа, еден месец подоцна, било објавено дека екипите ќе настапат на настанот, иако незадолжително, и дека не да бидат доделени бодови за Светската турнеја.[10]

Трка Датум Победник Втор Трет Други бодови
(4. место, па надолу)
Етапни бодови
Австралија Тур Даун Андер 19–24 јануари  Сајмон Геранс (АВС) 100 бода  Ричи Порт (АВС) 80 бода  Серхио Енао (КОЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Франција Париз-Ница 6–13 март  Герајнт Томас (ВБР) 100 бода  Алберто Контадор (ШПА) 80 бода  Ричи Порт (АВС) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Италија Тирено-Адријатико 9–15 март  Грег ван Авермет (БЕЛ) 100 бода  Петер Саган (СВК) 80 бода  Боб Јунгелс (ЛУК) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Италија Милано-Сан Ремо 19 март  Арно Демар (ИТА) 100 бода  Бен Свифт (ВБР) 80 бода  Јирген Рулантс (БЕЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Шпанија Волта а Каталуња 21–27 март  Наиро Кинтана (КОЛ) 100 бода  Алберто Контадор (ШПА) 80 бода  Даниел Мартин (ИРС) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Белгија Е3 Харелбеке 25 март  Михал Квјатковски (ПОЛ) 80 бода  Петер Саган (СВК) 60 бода  Ијан Станард (ВБР) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Белгија Гент-Вевелгем 27 март  Петер Саган (СВК) 80 бода  Сеп Ванмарке (БЕЛ) 60 бода  Вјачеслав Кузнецов (РУС) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Белгија Трка околу Фландрија 3 април  Петер Саган (СВК) 100 бода  Фабијан Канчелара (ШВА) 80 бода  Сеп Ванмарке (БЕЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Шпанија Трка околу Баскија 4–9 април  Алберто Контадор (ШПА) 100 бода  Серхио Енао (КОЛ) 80 бода  Наиро Кинтана (КОЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Франција Париз-Рубе 10 април  Метју Хејман (АВС) 100 бода  Том Бонен (БЕЛ) 80 бода  Ијан Станард (ВБР) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Холандија Амстел Голд Рејс 17 април  Енрико Гаспарото (ИТА) 0 бода[заб 1]  Михаел Валгрен (ДАН) 60 бода  Сони Колбрели (ИТА) 0 бода[заб 2] 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Белгија Флеш Валон 20 април  Алехандро Валверде (ШПА) 80 бода  Жилијан Алафилип (ФРА) 60 бода  Даниел Мартин (ИРС) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Белгија Лиеж-Бастон-Лиеж 24 април  Ваут Пулс (ХОЛ) 100 бода  Михаел Албасини (ШВА) 80 бода  Руј Кошта (ПОР) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Швајцарија Тур де Романди 26 април – 1 мај  Наиро Кинтана (КОЛ) 100 бода  Тибо Пино (ФРА) 80 бода  Јон Изагире (ШПА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Италија Џиро д’Италија 6–29 мај  Винченцо Нибали (ИТА) 170 бода  Естебан Чавес (КОЛ) 130 бода  Алехандро Валверде (ШПА) 100 бода 90, 80, 70, 60, 52, 44, 38, 32, 26, 22, 18, 14, 10, 8, 6, 4, 2 16, 8, 4, 2, 1
Франција Критериум ди Дофине 5–12 јуни  Крис Фрум (ВБР) 100 бода  Ромен Барде (ФРА) 80 бода  Даниел Мартин (ИРС) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Швајцарија Тур де Свис 11–19 јуни  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) 100 бода  Јон Изагире (ШПА) 80 бода  Варан Баргиј (ФРА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Франција Тур де Франс 2–24 јули  Крис Фрум (ВБР) 200 бода  Ромен Барде (ФРА) 150 бода  Наиро Кинтана (КОЛ) 120 бода 110, 100, 90, 80, 70, 60, 50, 40, 30, 24, 20, 16, 12, 10, 8, 6, 4 20, 10, 6, 4, 2
Полска Трка околу Полска 12–18 јули  Тим Веленс (БЕЛ) 100 бода  Фабио Фелине (ИТА) 80 бода  Алберто Бетиол (ИТА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Шпанија Класика де Сан Себастијан 30 јули  Бауке Молема (ХОЛ) 80 бода  Тони Галопен (ФРА) 60 бода  Алехандро Валверде (ШПА) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Шпанија Вуелта а Еспања 20 август – 11 септември  Наиро Кинтана (КОЛ) 170 бода  Крис Фрум (ВБР) 130 бода  Естебан Чавес (КОЛ) 100 бода 90, 80, 70, 60, 52, 44, 38, 32, 26, 22, 18, 14, 10, 8, 6, 4, 2 16, 8, 4, 2, 1
Германија Јуроајс Класик 21 август  Кејлеб Јуан (АВС) 80 бода  Џон Дегенколб (ГЕР) 60 бода  Џакомо Ницоло (ИТА) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Франција ГП Западна Франција 28 август  Оливер Незен (БЕЛ) 80 бода  Алберто Бетиол (ИТА) 60 бода  Александер Кристоф (НОР) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Канада ГП Квебек 9 септември  Петер Саган (СВК) 80 бода  Грег ван Авермет (БЕЛ) 60 бода  Антони Ру (ФРА) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Канада ГП Монтреал 11 септември  Грег ван Авермет (БЕЛ) 80 бода  Петер Саган (СВК) 60 бода  Диего Улиси (ИТА) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
БелгијаХоландија Енеко Тур 19–25 септември  Ники Терпстра (ХОЛ) 100 бода  Оливер Незен (БЕЛ) 80 бода  Петер Саган (СВК) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Италија Џиро ди Ломбардија 1 октомври  Естебан Чавес (КОЛ) 100 бода  Диего Роза (ИТА) 80 бода  Ригоберто Уран (КОЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Забелешки
  1. Бидејќи Гаспарото вози за Ванти-Груп Гобер, која не е екипа во Светската турнеја, не бил во можност да забележи бодови во рамките на пласманите од Светската турнеја.
  2. Бидејќи Колбрели вози за Бардијани-ЦСФ, која не е екипа во Светската турнеја, не бил во можност да забележи бодови во рамките на пласманите од Светската турнеја.

Поредок[уреди | уреди извор]

Поврзано: Светски пласман UCI

Поединечен[уреди | уреди извор]

[11]

Велосипедистите изедначени со ист број на бодови биле подредувани по бројот на победи, потоа бројот на втори места, трети места и така натаму, на другите настани од Светската турнеја и етапи.

Место Име Екипа Бодови
1  Петер Саган (СВК) Тинкоф 669
2  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 609
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 564
4  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим 436
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф 428
6  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 420
7  Ричи Порт (АВС) БМЦ Рејсинг Тим 394
8  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал 374
9  Естебан Чавес (КОЛ) Орика-БајкЕксчејнџ 351
10  Даниел Мартин (ИРС) Етикс-Квик Степ 280
11  Јон Изагире (ШПА) Мовистар Тим 270
12  Винченцо Нибали (ИТА) Астана 241
13  Илнур Закарин (РУС) Катјуша 239
14  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај 234
15  Александер Кристоф (НОР) Катјуша 229
16  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша 211
17  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ 206
18  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Лото НЛ-Џамбо 201
19  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида 194
20  Алберто Бетиол (ИТА) Канондејл-Драпак 185
21  Мајкл Метјус (АВС) Орика-БајкЕксчејнџ 184
22  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек-Сегафредо 176
23  Оливер Незен (БЕЛ) ИАМ Сајклинг 162
24  Бауке Молема (ХОЛ) Трек-Сегафредо 160
25  Арно Демар (ФРА) ФДЖ 154
  • 235 возачи освоиле бодови. 34 други возачи завршиле на места кои носат бодови, но не можеле да ги освојат бидејќи не се членови на некоја професионална екипа.

Екипен[уреди | уреди извор]

[12]

Екипниот пласман се пресметува преку додавање на бодовите на најдобрите пет велосипедисти од секоја екипа.

Место Екипа Бодови Најдобри пет велосипедисти
1 Мовистар Тим 1471 Н. Кинтана (609), Валверде (436), Ј. Изагире (270), Фернандез (88), Амадор (68)
2 Тинкоф 1361 П. Саган (669), Контадор (428), Мајка (110), Кројцигер (86), Мекарти (68)
3 Тим Скај 1187 Фрум (564), Сер. Енао (234), Пулс (148), Томас (121), Станард (120)
4 БМЦ Рејсинг Тим 1128 Ван Авермет (420), Порт (394), С. Санчез (130), Ван Гардерен (104), Атапума (80)
5 Орика-БајкЕксчејнџ 909 Чавес (351), Метјус (184), А. Јејтс (144), Геранс (119), Јуан (111)
6 Катјуша 789 Закарин (239), Кристоф (229), Родригез (211), Шпилак (60), Кузнецов (50)
7 Етикс-Квик Степ 775 Д. Мартин (280), Јунгелс (153), Алафилип (146), Терпстра (108), Штибар (88)
8 Канондејл-Драпак 616 Бетиол (185), Уран (137), Талански (132), Формоло (108), Вилела (54)
9 Трек-Сегафредо 565 Канчелара (176), Молема (160), Фелине (108), Ницоло (90), Стејвен (31)
10 Астана 539 Нибали (241), Роза (110), Мигел Ангел Лопез (109), Скарпони (43), Ару (36)
11 ФДЖ 516 Пино (206), Демар (154), Рајхенбах (84), Ру (56), Жење (16)
12 Лото НЛ-Џамбо 506 Ванмарке (201), Краусвејк (118), Келдерман (74), Гесинк (59), Ван Емден (54)
13 Аг2р-Ла Мондијал 482 Барде (374), Поцовиво (32), Дипон (32), Латур (22), Перо (22)
14 Лото-Судал 463 Веленс (130), Грајпел (92), Рулантс (90), Галопен (85), Бенот (66)
15 Лампре-Мерида 442 Р. Кошта (194), Улиси (129), Мејнтџес (85), Модоло (18), Конти (16)
16 Џајант-Алпецин 435 Т. Димулен (149), Баргиј (144), Дегенколб (98), Арнт (38), Т. Лудвигсон (6)
17 ИАМ Сајклинг 418 Незен (162), Пантано (115), Хауслер (72), Франк (39), Ворбас (30)
18 Тим Дименжн Дата 290 Кевендиш (80), Боасон Хаген (79), Хас (53), Сивцов (40), Камингс (38)

Национален[уреди | уреди извор]

[13]

Националниот пласман се пресметува преку додавање на бодовите на најдобрите пет велосипедисти од секоја држава. Националниот пласман, исто така, се користи за одредување колку возачи може да има една земја на Светското првенство.

Место Држава Бодови Најдобри пет велосипедисти
1  Шпанија 1475 Валверде (436), Контадор (428), Ј. Изагире (270), Родригез (211), С. Санчез (130)
2  Колумбија 1446 Н. Кинтана (609), Чавес (351), Сер. Енао (234), Уран (137), Пантано (115)
3  Обединето Кралство 1050 Фрум (564), А. Јејтс (144), Томас (121), Станард (120), С. Јејтс (101)[заб 1]
4  Франција 1024 Барде (374), Пино (206), Демар (154), Алафилип (146), Баргиј (144)
5  Белгија 1003 Ван Авермет (420), Ванмарке (201), Незен (162), Веленс (130), Рулантс (90)
6  Австралија 908 Пор (394), Метјус (184), Геранс (119), Јуан (111), Хејман (100)
7  Италија 773 Нибали (241), Бетиол (185), Улиси (129), Роза (110), Фелине (108)
8  Холандија 683 Молема (160), Т. Димулен (149), Пулс (148), Краусвејк (118), Терпстра (108)
9  Словачка 669 П. Саган (669)
10  Швајцарија 416 Канчелара (176), Албасини (106), Рајхенбах (84), Франк (39), Морабито (11)
11  Норвешка 343 Кристоф (229), Боасон Хаген (79), Холст Енгер (16), Хелгард (14), Стаке Ленген (5)
12  Германија 339 Дегенколб (98), Грајпел (92), Кител (81), Арнт (38), Зиберг (30)
13  Русија 336 Закарин (239), Кузнецов (50), Лагутин (20), Силин (18), Цатевич (9)
14  Ирска 286 Д. Мартин (280), Роуш (6)
15  САД 280 Талански (132), Ван Гардерен (104), Ворбас (30), Кредок (10), Домбровски (4)
Забелешки
  1. По неговиот позитивен тест на забранетата супстанца тербуталин за време на трката Париз-Ница, Јејтс бил дисквалификуван од седмото место,[14] и изгубил 30 бода.
  • Возачи од 35 земји имаат забележано бодови.

Напредок во водството[уреди | уреди извор]

Трка
(Победник)
Индивидуален Екипен Национален
Тур Даун Андер
(Сајмон Геранс)
Сајмон Геранс Орика-БајкЕксчејнџ Австралија
Париз-Ница
(Герајнт Томас)
Ричи Порт Тим Скај
Тирено-Адријатико
(Грег ван Авермет)
БМЦ Рејсинг Тим
Милано-Сан Ремо
(Арно Демар)
Тим Скај
Е3 Харелбеке
(Михал Квјатковски)
Волта а Каталуња
(Наиро Кинтана)
Гент-Вевелгем
(Петер Саган)
Петер Саган Тинкоф
Трка околу Фландрија
(Петер Саган)
Трка околу Баскија
(Алберто Контадор)
Шпанија
Париз-Рубе
(Метју Хејман)
Австралија
Амстел Голд Рејс
(Енрико Гаспарото)
Флеш Валон
(Алехандро Валверде)
Лиеж-Бастон-Лиеж
(Ваут Пулс)
Шпанија
Тур де Романди
(Наиро Кинтана)
Џиро д’Италија
(Винченцо Нибали)
Критериум ди Дофине
(Крис Фрум)
Алберто Контадор
Тур де Свис
(Мигел Анхел Лопез)
Петер Саган
Трка околу Полска
(Тим Веленс)
Тур де Франс
(Крис Фрум)
Мовистар Тим
Класика де Сан Себастијан
(Бауке Молема)
Јуроајс Класик
(Кејлеб Јуан)
ГП Западна Франција
(Оливер Незен)
Гран при Квебек
(Петер Саган)
Вуелта а Еспања
(Наиро Кинтана)
Наиро Кинтана
Гран при Монтреал
(Грег ван Авермет)
Енеко Тур
(Ники Терпстра)
Петер Саган
Џиро ди Ломбардија
(Естебан Чавес)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127" (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 13 јануари 2015. 
  2. 2,0 2,1 Team Dimension Data given WorldTour status for 2016“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 25 ноември 2015 (посет. 13 јануари 2016 г). (на англиски)
  3. 3,0 3,1 UCI announces 2016 pro team applicants“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 6 октомври 2015 (посет. 13 јануари 2016 г). (на англиски)
  4. "2016 Team Registration Process". 6 октомври 2015. конс. 25 декември 2015. 
  5. Cycling News. "Dimension Data granted WorldTour licence". Cyclingnews.com. конс. 25 декември 2015. 
  6. Cycling News. "2016 WorldTour team bikes guide". Cyclingnews.com. конс. 25 декември 2015. 
  7. "UCI го потврди календарот за Светската турнеја 2015". Cycling News. конс. 8 декември 2014. 
  8. "Road - Calendar". конс. 25 декември 2015. 
  9. WorldTour teams set to boycott 2016 World Championships team time trial“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 10 август 2016 (посет. 13 септември 2016 г).
  10. Boycott of World Championships team time trial averted“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 13 септември 2016 (посет. 13 септември 2016 г).
  11. "Пласман на Светската турнеја UCI - 2016: Поединечен (краен пласман)". Светска турнеја UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 1 октомври 2016. конс. 1 октомври 2016. 
  12. "Пласман на Светската турнеја UCI - 2016: Екипен (краен пласман)". Светска турнеја UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 1 октомври 2016. конс. 1 октомври 2016. 
  13. "Пласман на Светската турнеја UCI – 2016: Национален (краен пласман)". Светска турнеја UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 1 октомври 2016. конс. 1 октомври 2016. 
  14. "Paris - Nice (FRA/UWT): 06 Mar-13 Mar 2016 - General classification: Conflans-Saint-Honoré - Nice". Светска турнеја UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 13 март 2016. конс. 11 септември 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]