Светска турнеја UCI

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Моментална сезона или издание:
Светска турнеја UCI 2021
UCI World Tour logo.svg
СпортДрумски велосипедизам
Основана2009
Број на екипи19 (други се покануваат
од трка на трка)
Државанеколку
Тековен првакВозач: Сајмон Јејтс
Екипа: Декојнинк-Квик Степ
Порталuciworldtour.com

Светска турнеја UCI (2009–2010: Светски ранкинг UCI) — најважна годишна велосипедска друмска турнеја за мажи, поставени над различните континентални турнеи. Во турнејата влегуваат 38 трки и, до 2019 година, годишен систем за пласмани заснован на резултатите од овие трки. Светскиот ранкинг бил започнат во 2009 и во 2011 бил споен целосно со неговиот претходник UCI ProTour.

UCI WorldTeam екипите мора да учествуваат на сите трки кои биле дел од турнејата пред проширувањето во 2017 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Сè до крајот на 2004, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) ги одржувал и Светскиот друмски ранкинг, во кои се наградувале резултатите на сите тие трки и Светскиот друмски куп, кој се наградувал врз основа на резултатите во десет одбрани еднодневни настани. Двата настани биле заменети од сезоната во 2005 од UCI ProTour и континенталните трки UCI. Меѓутоа, споровите помеѓу UCI и АСО, организаторите на Тур де Франс и другите класици и на крај со организаторите на Трките околу Италија и Шпанија, значело дека од 2008, ProTour бил претставен како ранг-метод, како единствен за монументалните настани и трите други класици, кои остануваат под покровителство на UCI. Како резултат на тоа, Светскиот ранкинг UCI бил воведен, спојувајќи ги резултатите од двете ProTour и другите престижни настани.[1]

На почетокот на 2011, ProTour и Светскиот ранкинг биле повторно целосно споени.[2] Системот за рангирање бил ребрендиран како 'Светска турнеја', додека 'ProTeam' [3] бил задржан како категорија за регистрирање на професионалните тимови. Сите ProTeam екипи добиваат автоматски влез на настаните од Светската турнеја.

И покрај што завршиле втори во екипниот пласман во 2012 година, Катјуша првично биле одбиени за место во сезоната 2013.[4] По жалбата во Арбитражниот суд за спорт им била вратена лиценцата во февруари 2013 година, пропуштајќи ја трката Тур Даун Андер 2013.[5] Иако, UCI претходно изјавиле дека враќањето на Катјуша ќе предизвика одземање на лиценца на друга екипа, на крајот објавиле дека ќе има 19 екипи во една сезона.[6] Во 2015 година имало само 17 екипи, откако немало пријавени за 18. место.

За сезоната 2017, UCI додала 10 нови настани во календарот, со што вкупниот број се искачил на 38. Новите настани биле: Трка околу Калифорнија, Трка околу Катар (која подоцна пропаднала), Трка Абу Даби, Трка околу Турција, Дварс дор Вландерен, Омлоп хет Ниусблад, Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, Класик Лондон-Сари, Трка околу Франкфурт и Страде Бјанке.

Во 2019 година, Три дена Де Пане (еднодневна трка, иако името го задржало описот на поранешниот формат) била додадена на календарот, а Трката Абу Даби откако се споила со Трката Дубаи, била преименувана како Трка ОАЕ. Светската турнеја престанала да биде систем за рангирање, откако била заменета од Светскиот пласман.

Настани (од 2019 г.)[уреди | уреди извор]

Светската турнеја UCI се состои од 37 настани. Овие настани се сочинети од:

  • Три големи трки
  • Пет монументални еднодневни трки
  • Десет други етапни трки во Европа
  • Тринаесет други еднодневни трки во Европа
  • Една етапна трка во Австралија
  • Една етапна трка во Обединетите Арапски Емирати
  • Една етапна трка во Кина
  • Една еднодневна трка во Австралија
  • Две еднодневни трки во Канада
Трка Бодови за Светската турнеја[7]
Победник Втор Трет последно место за
кое се добива бодови
Франција Тур де Франс Краен пласман
Секоја етапа
1000
120
800
50
675
25
60. (10 бода)
5. (5 бода)
Италија Џиро д’Италија
Шпанија Вуелта а Еспања
Краен пласман
Секоја етапа
850
100
680
40
575
20
60. (8 бода)
5. (4 бода)
Австралија Тур Даун Андер
Франција Париз-Ница
Италија Тирено-Адријатико
Швајцарија Тур де Романди
Франција Критериум ди Дофине
Швајцарија Тур де Свис
Краен пласман
Секоја етапа
500
60
400
25
325
10
60. (3 бода)
-
Шпанија Волта а Каталуња
Шпанија Трка околу Баскија
Полска Трка околу Полска
БелгијаХоландија БинкБенк Тур
Краен пласман
Секоја етапа
400
50
320
20
260
8
60. (2 бода)
-
ОАР Трка ОАЕ[б 1]
Кина Трка околу Гуангси
Краен пласман
Секоја етапа
300
40
250
15
215
6
60. (1 бод)
-
Италија Милано-Санремо
Белгија Гент-Вевелгем
Белгија Трка околу Фландрија
Франција Париз-Рубе
Холандија Амстел Голд Рејс
Белгија Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Канада Гран при Квебек
Канада Гран при Монтреал
Италија Џиро ди Ломбардија
500 400 325 60. (3 бода)
Белгија Е3 Харелбеке[б 2]
Белгија Флеш Валон
Шпанија Класика де Сан Себастијан
Германија Јуроајс Класик
Франција Класик Бретања
400 320 260 60. (2 бода)
Австралија Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
Белгија Омлоп Хет Ниусблад
Италија Страде Бјанке
Белгија Дварс дор Вландерен
Германија Трка околу Франкфурт
Обединето Кралство Класик Лондон-Сари
Белгија Три дена Брухе-Де Пане[б 3][б 4][8]
300 250 215 60. (1 бод)

Во 2009 и 2010, само возачите за ProTour екипите и професионалните континентални екипи добивале бодови. Кога е национален настан, во трката учествува и некоја нерегистирана UCI екипа и неговите членови добивале бодови. Во 2011, се сменија правилата и сега само возачите од ProTeam имаат право да добиваат бодови.

Од 2012 до 2015 година, екипниот хронометар на Светското првенство придонесувал со бодови единствено во екипниот пласман.

Екипи[уреди | уреди извор]

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2021 година се следниве:

Екипи во Светската турнеја 2021 и нивната опрема
Код Официјално име Земја Делови Велосипед
ACT АГ2Р Ситроен Тим  Франција Кампањоло БМЦ
APT Астана-Премиер Тек  Казахстан Шимано Вилиер
TBV Тим Бахреин Викториус Бахреин Бахреин Шимано Мерида
BOH Бора-Хансгрое  Германија Шимано Спешалајзд
COF Кофидис  Франција Кампањоло Де Роса
DQT Декојнинк-Квик Степ  Белгија Шимано Спешалајзд
EFN ЕФ Едукејшн-Нипо  САД Шимано / ФСА Канондејл
GFC Групама-ФДЖ  Франција Шимано Лапјер
IGD Инеос Гренадиерс  Обединето Кралство Шимано Пинарело
IWG Интермарше-Ванти-Жобер Материо  Белгија Шимано Кјуб
ISN Израел старт-ап нејшн Израел Израел Шимано Фактор
LTS Лото-Судал  Белгија Кампањоло Ридли
MOV Мовистар Тим  Шпанија СРАМ Кањон
BEX Тим БајкЕксчејнџ Австралија Австралија Шимано Бјанки
DSM Тим ДСМ  Германија Шимано Скот
TJV Џамбо-Висма  Холандија Шимано Сервело
TQA Тим Кубека Асос Јужна Африка ЈАР Шимано БМЦ
TFS Трек-Сегафредо  САД Шимано Трек
UAD ОАЕ Тим Емирати Обединети Арапски Емирати Обединети Арапски Емирати Кампањоло Колнаго

Резултати[уреди | уреди извор]

Поединечен пласман[уреди | уреди извор]

Година 1. 2. 3. 4. 5.
2009 Шпанија Алберто Контадор
Астана
527 бода Шпанија Алехандро Валверде
Кес д’Епарњ
483 бода Шпанија Самуел Санчес
Еускалтел-Еускади
357 бода Луксембург Енди Шлек
Тим Саксо Банк
334 бода Австралија Кедел Еванс
Сајленс-Лото
333 бода
2010 Шпанија Хоаким Родригес
Катјуша
561 бод Белгија Филип Жилбер
Омега Парма-Лото
437 бода Шпанија Луис Леон Санчес
Кес д’Епарњ
413 бода Австралија Кедел Еванс
БМЦ Рејсинг Тим
390 бода Италија Винченцо Нибали
Ликвигас-Доимо
390 бода
2011 Белгија Филип Жилбер
Омега Парма-Лото
718 бода Австралија Кедел Еванс
БМЦ Рејсинг Тим
584 бода Шпанија Хоаким Родригес
Катјуша
446 бода Италија Микеле Скарпони
Лампре-ИСД
419 бода Германија Тони Мартин
ХТЦ-Хајроад
349 бода
2012 Шпанија Хоаким Родригес
Катјуша
692 бода Обединето Кралство Бредли Вигинс
Тим Скај
601 бод Белгија Том Бонен
Омега Парма-Квик Степ
410 бода Италија Винченцо Нибали
Ликвигас-Канондејл
400 бода Шпанија Алехандро Валверде
Мовистар Тим
394 бода
2013 Шпанија Хоаким Родригес
Катјуша
607 бода Обединето Кралство Крис Фрум
Тим Скај
587 бода Шпанија Алехандро Валверде
Мовистар Тим
540 бода Словачка Петер Саган
Канондејл
491 бод Италија Винченцо Нибали
Астана
474 бода
2014 Шпанија Алехандро Валверде
Мовистар Тим
686 бода Шпанија Алберто Контадор
Тинкоф-Саксо
620 бода Австралија Сајмон Геранс
Орика-ГринЕЏ
478 бода Португалија Руј Кошта
Лампре-Мерида
461 бод Италија Винченцо Нибали
Астана
392 бода
2015 Шпанија Алехандро Валверде
Мовистар Тим
675 бода Шпанија Хоаким Родригес
Катјуша
474 бода Колумбија Наиро Кинтана
Мовистар Тим
457 бода Норвешка Александер Кристоф
Катјуша
453 бода Италија Фабио Ару
Астана
448 бода
2016 Словачка Петер Саган
Тинкоф
669 бода Колумбија Наиро Кинтана
Мовистар Тим
609 бода Обединето Кралство Крис Фрум
Тим Скај
564 бода Шпанија Алехандро Валверде
Мовистар Тим
436 бода Шпанија Алберто Контадор
Тинкоф
428 бода
2017 Белгија Грег ван Авермет
БМЦ Рејсинг Тим
3582 бода Обединето Кралство Крис Фрум
Тим Скај
3452 бода Холандија Том Димулен
Тим Санвеб
2545 бода Словачка Петер Саган
Бора-Хансгрое
2544 бода Италија Винченцо Нибали
Бахреин-Мерида
2196 бода

Екипен пласман[уреди | уреди извор]

Година 1. 2. 3.
2009 Астана Кес д’Епарњ Тим Колумбија-Хај Роад
2010 Тим Саксо Банк Ликвигас-Доимо Рабобанк
2011 Омега Парма-Лото Тим Скај Леопард Трек
2012 Тим Скај Катјуша Ликвигас-Канондејл
2013 Мовистар Тим Тим Скај Катјуша
2014 Мовистар Тим БМЦ Рејсинг Тим Тинкоф-Саксо
2015 Мовистар Тим Катјуша Тим Скај
2016 Мовистар Тим Тинкоф Тим Скај
2017 Тим Скај Квик-Степ Флорс БМЦ Рејсинг Тим

Национален пласман (до 2016 г.)[уреди | уреди извор]

Година 1. 2. 3.
2009  Шпанија  Италија Австралија Австралија
2010  Шпанија  Италија  Белгија
2011  Италија  Белгија Австралија Австралија
2012  Шпанија  Обединето Кралство  Италија
2013  Шпанија  Италија  Колумбија
2014  Шпанија  Италија  Белгија
2015  Шпанија  Италија  Колумбија
2016  Шпанија  Колумбија  Обединето Кралство

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. UCI список на настани и датуми за календарот во 2009
  2. ProTour е мртва, долго да живее Светската турнеја Cyclingweekly. Accessed 14-01-11
  3. Известување за печатот - Регистрација за UCI ProTeams за сезоната 2011 UCI. Accessed 14-01-11
  4. „Katusha denied 2013 WorldTour licence“. Cycling News. Future Publishing. Посетено на 19 февруари 2013.
  5. „CAS orders WorldTour licence for Katusha“. Cycling News. Future Publishing. Посетено на 19 февруари 2013.
  6. „UCI confirms 19 WorldTour teams for 2013“. Cycling News. Future Publishing. Посетено на 19 февруари 2013.
  7. UCI ранг - Бодовна скала
  8. „UCI Cycling Regulations: Part 2 Road Races (version on 05.02.2019)“ (PDF). uci.org. 5 February 2019. Посетено на 26 April 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.