Светска конференција за човекови права

Од Википедија — слободната енциклопедија

Светската конференција за човекови права била одржана од Обединетите нации во Виена, Австрија, од 14 до 25 јуни 1993 година.[1] Тоа била првата конференција за човекови права што се одржала по крајот на Студената војна. Главниот резултат на конференцијата била Виенската декларација и програма за акција (ВДПА).

Позадина[уреди | уреди извор]

Иако Обединетите нации веќе долго време биле активни во областа на човековите права,[2] Виенската конференција била само втора глобална конференција која се фокусирала исклучиво на човековите права, при што првата била Меѓународната конференција за човекови права што се одржа во Техеран, Иран во текот на април-мај 1968 година по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од Универзалната декларација за човекови права.[3][4]

Конференција[уреди | уреди извор]

На Светската конференција за човекови права учествувале претставници на 171 нација и 800 невладини организации, со вкупно околу 7.000 учесници. Ова конференција е најголемиот собир за човекови права досега.[3] Таа била организирана од експертот за човекови права Џон Пејс.

Резултати[уреди | уреди извор]

Клучен резултат на Светската конференција за човекови права била Виенската декларација и програма за акција, која била формулирана доцна на состанокот[5] и била усвоена со консензус на 171 држава на 25 јуни 1993 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Норчи, Чарлс (2004). „Human Rights: A Global Common Interest“. Во Красно, Џин Е. (уред.). The United Nations: Confronting the Challenges of a Global Society. Lynne Rienner Publishers. стр. 87. ISBN 1-58826-280-4.
  2. „Timeline: Human Rights Conventions“. Ал Џезира. Посетено на 7 февруари 2020.
  3. 3,0 3,1 Бојл, Кевин (1995). „Stock-Taking on Human Rights: The World Conference on Human Rights, Vienna 1993“. Во Битам, Дејвид (уред.). Politics and Human Rights. Wiley-Blackwell. стр. 79. ISBN 0-631-19666-8. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  4. „Proclamation of Tehran, Final Act of the International Conference on Human Rights, Teheran, 22 April to 13 May 1968“. U.N. Doc. A/CONF. 32/41 at 3 (1968) преку Библитеката за човекови права на Универзитетот Минесота. Посетено на 7 февруари 2020.
  5. Boyle, "Stock-Taking on Human Rights", p. 81.