Светска војна З

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светска војна З (World War Z)  
Податотека:World War Z book cover.jpg
Насловна страница на првото издание
АвторМакс Брукс
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Жанр(ови)хорор, апокалипса
МедиумПечатено издание (тврда и мека корица), e-книга, аудио книга
Страници342 страници
OCLC65340967
ПретходнаВодич за преживување на зомбите

Светска војна З: Усна историја на војна со зомби (2006) е апокалиптичен хорор роман напишан од Макс Брукс. Романот е колекција од индивидуални извештаи кои ги раскажува агент на повоената комисија на Обединетите Нации, после катастрофалниот глобален конфликт против зомби чумата. Други пасуси забележуваат очајна борба долга една деценија, што им се случила на луѓе од различни националности. Исто така опишани се социјалните, политичките, верските, и еколошките промени.

Светска војна З е продолжување на книгата на Брукс „упатство за преживување“, односно Водич за преживување на зомбите од (2003), но тонот е многу посериозен. Според книгата, во 2013 година снимен е филмот со ист наслов, во режија на Марк Форстер, во кој главната улога ја игра Бред Пит.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]