Светозар Ристовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Светозар Ристовски (р. 26 јануари 1972 год.) е македонски филмски режисер кој живее во Канада.[1] Својот прв филм го снимил во 2000 година под името „Ловец“ како краткометражен филм за психата на воен снајперист. Прв филм на англиски јазик му е „Драг господине Гејси“ (2010) за американскиот сериски убиец Џон Вејн Гејси.[2] Неговите филмови „Илузија“ и „Лазар“ имаат освоено бројни награди.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Светозар Ристовски: „Лазар" е слика на она што се случува во Македонија | okno.mk“. okno.mk. Посетено на 2020-07-11.
  2. „John Wayne Gacy Comes Back To Life Onscreen“. CINEMABLEND. 2009-02-05. Посетено на 2020-07-11.
  3. Iluzija - IMDb, Посетено на 2020-07-11
  4. Lazar - IMDb, Посетено на 2020-07-11