Светогорска Успенска Лавра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светогорска Успенска Лавра
Свято-Успенська Святогірська лавра
Светогорска Лавра
Лавра
Земја  Украина
Регион Донечка област
Општина Свјатогорск
Основано 1526
Сопственик Украинската Православна Црква (Московска Патријаршија)

Светогорска Успенска Лавра (украински: Свято-Успенська Святогірська Лавра — православен христијански манастир на стрмниот десен брег на Северски Донец во близина на градот Свјатогорск во Донечка област во источна Украина. Името доаѓа од околните Свети Планини.

Денес, манастирот е централен дел на Националниот парк на природата Светогори. Украинската Православна Црква (Московска Патријаршија) ја прогласила за лавра во 2004 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите пишани извори за манастирот датираат од 1627 година, иако Сигисмунд фон Херберштејн ја посетил областа уште во 1526 година. Веројатно е дека првите монаси ја населиле областа во 15 век. Во тоа време била минорна монашка заедница во дивите полиња и редовно опустошена од страна на Кримските Татари.

Во 1787 година, Катерина II го затворила манастирот. Земјите на манастирот биле секуларизирани и донирани на принцот Григориј Потемкин, вицекрал на Нова Русија. Еден од неговите наследници, Александар Михајлович Потемкин, и неговата сопруга Татјана, принцезата Галицкин, го финансирале обновувањето на манастирот, започнувајќи од 1844 година.

Пред Октомвриската револуција, манастирот поседувал работна продавница, ветерници, разновидни работилници и трговски објекти. Главната катедрала била дизајнирана од Алексеј Горностаев, која вклучувала традиционална византиска кула. Во 1922 година, манастирот бил затворен од болшевиците и бил претворен во санаториум за работниците од Донбас.

Пред Првата светска војна, манастирот бил населен со околу 600 монаси. Во текот на 1930-тите, некои од црквите биле уништени од страна на Советите, заедно со други бројни верски атракции низ Советскиот Сојуз.

По падот на Советскиот Сојуз и враќањето на независноста на Украина во 1991 година, манастирот бил обновен една година подоцна. Во 2004 година, манастирот официјално добил статус на лавра од Украинската Православна Црква. Денес манастирската заедница се состои од повеќе од 100 монаси, и секоја година бројот се зголемува.

На 25 октомври 2005 година, Народната банка на Украина издала комеморативна монета од 10 гривни на која била прикажана лаврата[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]