Светлана Кулеванова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светлана Кулеванова
Родена Светлана Зарева
10 јули 1960
Сараево, СФРЈ СФР Југославија
Занимање универзитетски професор

Светлана Кулеванова (моминско: Зарева; 10 јули 1960 во Сараево) — македонски фармацевт и редовен универзитетски професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Кулеанова дипломирала на Фармацевтскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1993 година. Магистрирала на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот во Белград, Србија, во 1991 година. Докторирала на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1997 година. Кулеванова е фармацевт, редовен универзитетски професор и декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје и раководител на Институтот по фармакоагнозија. Автор на книга по фармакоагнозија и автор на едно поглавје во „Фармакотерапискиот прирачник“, како и на бројни научно-стручни трудови и соопштенија на симпозиуми и конгреси надвор и во земјата. Раководител и учесник на неколку научноистражувачки и стручни проекти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Културна“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 773. Text "series " ignored (help)