Светлана Григорјан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Светлана Рубени Григорјан (ерменски: Սվետլանա Ռուբենի Գրիգորյան, 30 септември 193012 мај 2014) - ерменска глумица, наградена со наградата Народна глумица на Ерменија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Светлана Григорјан е родена во Ереван. Настапувала на сцена од тринаесет годишна возраст. По дипломирањето на Институтот за уметност и театар во Ереван, Вардан Аџеман ѝ понудил работно место во „Театарот на комедија“ во Ереван. каде работела до крајот на работниот век.[1]

Григорјан е позната по улогите во комедиите во матичниот театар, како на пимер улогата на Роза во Такси, такси и други.[2]

Во 2011 година, претседателот на Ерменија на Светлана Григорјан ѝ ја доделил наградата од прв степен за „заслуги во татковината“, поради „нејзините придонеси за развој на театарската уметност, за нејзините високи глумечки вештини и за создавањето на постојани карактери“.[3] Таа исто така на својот 80-ти роденден ја добила и наградата Акоп Мегапарт за своите заслуги.

Умрела на возраст од 83 години, на 12 мај 2014 година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]