Светлана Ганушкина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светлана Ганушкина во 2009

Светлана Алексеевна Ганушкина (руски: Светла́на Алексе́евна Га́ннушкина; р. 6 март 1942) е математичарка и активистка за човекови права во Русија, за која било пријавено дека е сериозен кандидат за Нобеловата награда за мир во 2010 година.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ганушкина многу години работела како професор по математика на Московскиот универзитет. Во 1990 година, таа помогна да се формира групата Граѓанска помош (Grazhdanskoe Sodeistvie), невладина организација која се залага за човекови права, особено во однос на имигрантите и бегалците во руското општество.[2] Од 2015 година, организацијата е етикетирана како „странски агент“ од страна на руската влада.[2]

Ганушкина е член на Претседателскиот совет за граѓанско општество и човекови права.[3] Таа е исто така и во советот на Меморијалот, општество посветено на сеќавањето на жртвите од советската репресија.

Во 2006 година, таа беше наградена со наградата Хомо Хомини, за активизмот за човекови права од страна на чешката група People In Need (Луѓе кои имаат потреба).[4]

Во 2016 година, Ганушкина ја добила наградата Вистински Живот, често нарекувана како „Алтернативна нобелова награда“, Стокхолм, Шведска, „за нејзината децениска посветеност за унапредување на човековите права и правда за бегалците и присилните мигранти и толеранцијата меѓу различните етнички групи“.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Internet 'in running' for Nobel Peace Prize“. BBC News. 10 March 2010. конс. 19 January 2012. 
  2. 2,0 2,1 The Nobel Peace Prize: Who will win this year?, BBC News (6 October 2016)
  3. „Human Rights Defender in Russia: Svetlana Alekseevna Gannushkina“. Amnesty International. 9 December 2008. конс. 19 January 2012. 
  4. „Previous Recipients of the Homo Homini Award“. People in Need. Архивирано од изворникот на 1 May 2011. конс. 17 April 2011. 
  5. „Svetlana Gannushkina | The Right Livelihood Award“. www.rightlivelihoodaward.org (en-US). конс. 2018-05-14.