Светлана Јитомирскаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светлана Јитомирскаја
Svetlana Jitomirskaya (cropped).jpg
Роден4 јуни 1966
Харков
ПолињаМатематика
УстановиКалифорниски универзитет
ОбразованиеМосковски државен универзитет
Теза„Спектрални и статистички својства на решетките хамилтон“ (1991)
Докторски менторЈаков Синај
Познат поТен мартини проблем
Поважни наградиРут Литл Сатер награда за математика (2005)

Светлана Јаковлевна Јитомирскаја (родена на 4 јуни 1966) е советско-американска математичарка, која работи на динамичките системи и математичката физика.[1][2]

Јитомирскаја е родена во Харков. И нејзината мајка, Валентина Борок, и нејзиниот татко Јаков Житомирскиј биле професори по математика.[1]

Нејзините додипломски студии биле на Московскиот државен универзитет, каде што била студентка на, помеѓу другите, Владимир Арнолд и Јаков Синај.[1] Таа докторирала на Московскиот Државен Универзитет во 1991 година, под надзор на Јаков Синај.[3] Се придружила на одделот за математика на Калифорнискиот универзитет, Ирвин, во 1991 година како предавач, во 1994 година станала асистент професор, а во 2000 година станала професор.[2] Таа е најдобро позната по решавањето на тен мартини проблемот, заедно со математичарот Артур Авила.[4][се бара извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

Во 2005 година, таа била наградена со Рут Литл Сатер наградата за математика, "за нејзината пионерска работа за непертурбативната квазипериодична локализација".[5]

Во 2002 година таа била поканет говорник на Меѓународниот конгрес на математичари во Пекинг.[6]

Во 1996 година добила Слоун стипендија.[7]

Во 2018 година таа била именувана во Американската академија на уметностите и науките.[8]

Одбрани публикации[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]