Свети Пјер (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Пјер
општина
Поглед на Свети Пјер од воздух
Поглед на Свети Пјер од воздух
Знаме на Свети Пјер
Знаме

Свети Пјер во рамките на Свети Пјер и Микелон
ЗемјаФранција
Прекум. заедницаСвети Пјер и Микелон
Површина25 км2 (10 ми2)
Население (2016)15.628
 • Густина230/км2 (580/ми2)
INSEE/Пошт. бр.97502 / 97500
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Свети Пјер зиме.

Свети Пјер или Сен Пјер (француски: Saint-Pierre, „Свети Петар“) — главно гратче на француската прекуморска заедница Свети Пјер и Микелон, недалеку од брегот на Њуфаундленд, Канада. Ова е поголемата од двете општини кои ја сочинуваат заедницата.

Географија[уреди | уреди извор]

Општината е сочинета од самиот остров Свети Пјер и неколку помали острови во околината, како што е Морнарскиот (Ил о Марен). Иако опфаќа речиси 90 % од населението на Свети Пјер и Микелон, оваа општина е значително помала по површина од Микелон-Ланглад, која се наоѓа североападно од неа, на островот Микелон.

Главното населено подрачје е во северниот дел на заливот, наречена Барашоа, и излегува на Атлантскиот Океан од источниот брег на островот. Приодот кон овој залив е преграден со верига од помали островчиња.

Историја[уреди | уреди извор]

Островот бил испостава на Ал Капоне во криумчарењето на алкохол од Канада во САД за време на прохибицијата.

Сè 1945 г. Морнарскиот Остров бил трета општина на територијата, кога е припоен кон Свети Пјер.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2016 г. Свети Пјер има 5.628 жители[1], претежно од баскиско, бретонско, нормандско и акадиско потекло. Сите жители на општината живеат на самиот остров Свети Пјер.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Недалеку од брегот се поштата и царинарницата, а зад нив се плоштадот „Генерал Шарл де Гол“. Од неговата северна страна се наоѓа катедралата „Св. Петар“ преизградена на почетокот на XX век по голем пожар. Други знаменитости се светилникот кај старите одбранбени топови, а понасевер се поранешната болница и игралиштето „Саспијак бат“ наменето за традиционалниот баскиски спорт пелота.

Здравство[уреди | уреди извор]

Заедницата Свети Пјер и Микелон има само една болница — „Франсоа Динан“, отворена во 2011 г.[2]) Други здравствени услуги можат да се добијат во старечкиот дом „Еглантин“.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Островот го опслужува меѓународниот аеродром кој се наоѓа јужно од градот. Ова е матично леталиште на превозникот „Ер Сен Пјер“ кој има летови до Микелон, пет градови во Канада и сезонска линија до Париз.

Образование[уреди | уреди извор]

Државни училишта
  • Претшколска установа „Детски остров“ (Ile aux Enfants) — детска градинка со јасли[3]
  • Основно училиште „Анриета Бонин“ (Henriette Bonin)[4]
  • Основно училиште „Црвен пламен“ (Feu Rouge)[5]
  • Средно училиште „Емил Летурнел“ (Henriette Bonin) — општи нижи паралелки, средна стручна спрема и виши гимназиски паралелки.
Приватни училишта
  • Претшколска установа „Алојзиј Гонзага“ (Saint-Louis de Gonzague) — детска градинка со јасли[6]
  • Основно училиште „Св. Кроазина“ (Sainte-Croisine)[7]
  • Основно училиште „Св. Одилија“ (Sainte-Odile)[8]
  • Средно училиште „Свети Христифор“ (Saint-Christophe) — нижи паралелки[9]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Свети Пјер збратимен со:

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Население на Свети Пјер и Микелон според пописот од 2016 г.INSEE, преработка за 2019 г. (француски)
  2. http://www.tlr-associes.com/nos-projets__17_sante_hopitaux-et-cliniques_centre-hospitalier-francois-dunan-saint-pierre-et-miquelon_79.html
  3. "Ecole maternelle Ile aux Enfants > Présentation." National Education Service of Saint Pierre and Miquelon. посет. 14 септември 2016 г.
  4. "Ecole primaire Henriette Bonin >Présentation." National Education Service of Saint Pierre and Miquelon. посет. 14 септември 2016 г.
  5. "Ecole élémentaire du Feu Rouge >Présentation." National Education Service of Saint Pierre and Miquelon. посет. 14 септември 2016 г.
  6. "Ecole maternelle Saint-Louis de Gonzague." National Education Service of Saint Pierre and Miquelon. посет. 14 септември 2016 г.
  7. "Petit historique." Ecole élémentaire Sainte-Croisine. посет. 14 септември 2016 г.
  8. Home. Ecole élémentaire Sainte-Odile. посет. 14 септември 2016 г.
  9. Home. Collège Saint Christophe. посет. 14 септември 2016 г.
  10. Jumelages

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 46°46′40″ СГШ; 56°10′40″ ЗГД / 46.7778° СГШ; 56.1778° ЗГД / 46.7778; -56.1778