Прејди на содржината

Свети Павле Тивејски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле Тивејски
Свети Павле Тивејски
The First Hermit
Роден(а)228
Египет
Починал(а)341
Теба
Почитуван(а) воРимокатоличка црква
Православие,
Древноисточни цркви,
Римокатоличка црква,
Источни католички цркви
Главно светилиштеМанастир Свети Павле Тивејски, Египет
Слава15 јануари (Римокатоличка црква)
15 јануари (Православие)
9 февруари (Древноисточни цркви)
Обележјадва лава, палма
ЗаштитништвоСан Пабло

Павле Тивејски (228-341) е христијански светец.

Роден e од богати родители во долна Тива (Теба) Мисирска за време на царот Декиј. Целиот родителски имот го наследил Павле со една своја сестра. Но неговиот зет, кој бил идолопоклоник, посакал и делот од имотот на Павле да го заграби, па му се заканил дека ќе го издаде на судот како христијанин, ако не му го отстапи својот имот. По ова Павле заминал во пустина, препуштувајќи го целиот имот на својот зет, каде се џадржал до својата смрт.

до каква духовна височина достигнал овој монах, сведочи Антониј Велики, кој еднаш го посетил Павле и го видел како ѕверовите и птиците небесни му служат. Враќајќи се од таа посета Антониј им рекол на своите монаси: “Тешко мене, деца мои, на грешниот и лажниот монах што сум самомонах по име. Го видов Илија, го видов Јована во пустината и навистина го видов Павлета − во Рајот!”[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 15 јануари.

  1. „Охридски пролог“ стр. 18