Свети Кристофер-Невис-Ангилја

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Кристофер-Невис-Ангилја
Британска колонија

1958–1983
 

Знаме Грб
Химна
God Save the Queen (службена)
O Land of Beauty! (Свети Кристофер и Невис)
God Bless Anguilla (Ангилја)
Местоположба на Свети Кристофер-Невис-Ангилја
Главен град Бастер (ад. центар)
Чарлстаун (Невис),
Вали (Ангилја)
Јазици англиски
Уредување уставна монархија
Кралица Елизабета II
Историја
 -  Основана 3 јануари 1958
 -  Замрела 19 септември 1983
Површина 351 км²
Валута Источнокарипски долар

Свети Кристофер-Невис-Ангилја (Saint Christopher-Nevis-Anguilla) била прекуокеанска територија на Обединетото Кралство која се наоѓала во Карипското Море. Во 1958 година оваа територија сочинувала една покраина на краткотрајната Федерација Западни Инди. По падот на федерацијата регионот неколку пати се обидувал да се обедини во некоја друга унија.

Во 1967 година територијата Свети Кристофер-Невис-Ангилја се стекнала со целосна внатрешна автономија. Во 1971 година островот Ангилја жестоко барал одделување од територијата и набрзо се стекнал со такво отцепување. Во 1980 година отцепувањето и официјално било прифатено. Три години подоцна, Невис и Свети Кристофер се стекнале со независност од Британија и денес се обединето како Федерација Свети Кристофер и Невис. Ангилја и денес е британска прекуморска територија.

Поврзано[уреди]