Свети Кристофер-Невис-Ангвила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Кристофер-Невис-Ангвила
колонија

1958 – 1983
 

Знаме Грб
Химна
Боже, чувај ја Кралицата (службена)
О земјо на убавината! (Свети Кристофер и Невис)
Боже, чувај ја Ангвила (Ангвила)
Местоположба на Свети Кристофер-Невис-Ангвила
Главен град Бастер (ад. центар)
Чарлстаун (Невис),
Вели (Ангвила)
Јазици англиски
Уредување уставна монархија
Кралица Елизабета II
Историја
 -  Основана 3 јануари 1958
 -  Замрела 19 септември 1983
Површина 351 км²
Валута Источнокарипски долар

Свети Кристофер-Невис-Ангвила (англиски: Saint Christopher-Nevis-Anguilla) — поранешна прекуокеанска територија на Обединетото Кралство која се наоѓала во Карипското Море. Во 1958 година оваа територија сочинувала една покраина на краткотрајната Западноиндиска Федерација. По падот на федерацијата регионот неколку пати се обидувал да се обедини во некоја друга унија.

Во 1967 година територијата Свети Кристофер-Невис-Ангвила се стекнала со целосна внатрешна автономија. Во 1971 година островот Ангвила жестоко барал одделување од територијата и набрзо се стекнал со такво отцепување. Во 1980 година отцепувањето и официјално било прифатено. Три години подоцна, Невис и Свети Кристофер се стекнале со независност од Британија и денес се обединето како Федерација Свети Кристофер и Невис. Ангвила и денес е британска прекуморска територија.

Поврзано[уреди | уреди извор]