Свети Климeнт Анкирски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Климент Анкирски
Роден(а) 258, Анкара
Починал(а) 312, Рим
Почитуван(а) во православие
Римокатоличка црква
Древноисточни цркви
Слава 23 јануари

Климент Анкирски е христијански светец.

Роден e во 258 година во градот Анкир, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата мајка Ефросинија му прорекла на синот маченичка смрт и го оставила кога Климент имал само 12 години. Нејзината другарка Софија го зела во својата куќа како син и помогнала за неговото воспитување во христијански дух. Климент бил толку прочуен заради неговиот добородетелен живот, па затоа бил избран за епископ Анкирски во 20 година од својот живот. Во млади години тој стекнал старечка мудрост и со голема воздржаност го скротил и го победил своето тело.

Според христијанските верувања, цели 28 години поминал во маки и по затвори. Единаесет мачители го малтретирале и го мачеле. Кога еднаш го удирале по лицето, го плукале и му ги кршеле забите, тој му довикнал на мачителот доментијан: “Ми правиш почест, o доментијане, а не ме мачиш, бидејќи на мојот Господ Исус Христос му беше така биена устата и образите удирани со шлаканици, па еве и јас недостојниот со тоа се удостоив!” Кога бил доведен пред царот Диоклецијан во Рим, царот поставил на една страна разни орудија за мачење, а на друга дарови, одликувања, одела, пари - сè што можел царот да подари, па му рекол на Климента да избира. Христовиот маченик со презир погледнал на сите царски богатства и ги избрал орудијата за мачење. И бил мачен неизмерно: парче по парче месо му било кинато од телото, така што коските белееле под месото. Најнакрај бил исечен од војниците во 312 година во црквата во Анкир, кога како архијереј служел Божја служба[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 23 јануари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 32

Надворешни врски[уреди | уреди извор]