Свети Диомид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Диомид
Фреска на Св. Диомид во манастирот Хиландар, Света Гора.
Martyr
Роден(а) Тарс
Починал(а) помеѓу 298 и 311 н.е., Никеја
Почитуван(а) во католицизам, православие
Слава 16 август (стар стил)
29 август (нов стил)

Светиот маченик Диомид бил лекар, бессребреник, од градот Тарс. Лечејќи го народот, го поучувал и на верата Христова. Царот Диоклецијан наредил и му ја отсекле главата во Никеја, во 298 година. Оние што му ја отсекле главата и му ја донеле на царот ослепеле, а кога му ја вратиле главата на телото и се помолиле, повторно прогледале.[1]

Диомидовите острови во Беринговиот Проток го носат името на Свети Диомид, бидејќи на неговиот ден (16 август 1728) данскиот морепловец Витус Беринг, кој бил во служба на руската морнарица, ги забележал овие острови пловејќи по морето.

Наводи[уреди | уреди извор]