Свети Гордиј

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свети Гордиј е христијански светец.

Роден e во Кесарија, Кападокија. Бил офицер во римската војска за време на императорот Ликиниј. Но кога настанало страшното гонење на христијаните, тој ја напуштил војската и се оддалечил во синајската пустина. Осамен на планината Хорив, Гордиј го поминувал времето во молитва и размислување за тајните на небото и на земјата. Посебно размислувал за ништожноста на овој свет, околу што луѓето толку многу се мачат и се борат на земјата, та на крај посакал да умре и да се пресели во неминливиот и негнилежниот живот. Со таа желба тој се симнал во градот за времена незнабожечките трки и игри. Му се пријавил на градоначалникот како христијанин. Залудно овој го одвраќал од верата со ласкање и со заканување. Гордиј останал непоколеблив и цврст како дијамант, говорејќи: “Зарем не e видливо безумие да се купува со овој кратковремен живот вечнамака и погибел?”

Осуден на смрт, тој радосно брзал кон губилиштето и по патот им зборувал наџелатите за убавата и слатка наука Христова. И со името Исусово на усните тој го предал своетомладо тело на мечот, а праведната душа на Бога во 320 година[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 3.