Свети Анастасиј Персиски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анастасиј Персиски
светец, маченик
Роден(а) 6 век, Персија
Починал(а) 22 јануари, Бетсалоe
Почитуван(а) во православие
Римокатоличка црква
Канонизација pre-congregation
Слава 22 јануари

Свети Анастасиј Персиски е христијански светец.

Анастасиј е роден како Магундат во Персија. Кога царот Ираклиј се борел со Персијанците, Магундат пребегнал кај христијаните, отишол во Ерусалим, каде што се крстил, добил име Анастасиј и се замонашил. Според христијанските верувања, долго лежел во затвор и бил луто мачен додека царот Хозроe не му изрекол смртна пресуда. По таа пресуда, Анастасиј бил удавен во вода. Пострадал на 22 јануари 628 година, во градот Бетсалоe, во близина на Нинив[1]

Православната црква неговиот ден го чествува на 22 јануари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 30