Свети Јован (Сер)
Свети Јован Άγιος Ιωάννης | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°6′N 23°35′E / 41.100°N 23.583°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Сер |
Надм. вис. | 60 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 598 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Свети Јован (грчки: Άγιος Ιωάννης, Агиос Јоанис) — источно преградие на градот Сер, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 598 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Предградието се наоѓа во Серското Поле, на 2 км североисточно од Сер, покрај патот кој води од градот до Геди Дермен, на надморска височина од 60 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Населабата е основана во 1924 г. од Грци преселени од Турција согласно Лозанскиот договор. Во неа биле сместени 51 бегалско семејство со вкупно 218 бегалци, чиј број во пописот од 1940 г. се накачил на 270.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува жито, компири, многу тутун и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на краварството.[2] Предградието поседува голем број на угостителски објекти и ресторани.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | 303 | 326 | 703 | 761 | 637 | — | 719 | 598 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Заба, Мертатово и Метох.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1930 г.[4]
- Црква „Св. Ѓорѓи“[4]
- Црква „Св. Јован“[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 245.
- ↑ „Πόλη Σερρών“. hotelgalayserres.gr. Hotel Galaxy Serres. Посетено на 16 август 2024.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 август 2024.
|