Свети Георги

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Свети Ѓорѓи Победносец)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Георгиј
Икона на Св. Георги во византиски стил. Вообичаено се прикажува како војник со копје или меч и со оклоп или панцир.
Великомаченик
Роден(а) околу 275/281., Кападокија
Починал(а) 6 мај 303
Почитуван(а) во православие
Римокатоличка црква
Канонизација 494 од папа Геласијус Први
Слава 6 мај и 16 ноември

Свети Георги, Ѓорѓи или Ѓорѓија, е роден во Кападокија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги непрестајно Го молел Бога и Бог веднаш го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасувал Својот маченик од смртта.

Крстот на Свети Георги, на знамето на Англија

Кога Св. Георги воскреснал и еден мртовец, тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осудил Свети Георги и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георги го убиле во 303 година.

Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Од љубов кон Господ Христос, Свети Георги без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

Поврзано[уреди | уреди извор]