Светислав Пешиќ
Светислав Пешиќ | |
---|---|
Печшиќ во 2018 | |
Позиција | Главен тренер |
Висина | м |
Тежина | 83 кг |
Клуб | Србија |
Роден | 28 август 1949 Нови Сад, СФРЈ |
Националност | Српско / Германско |
Драфт | 1971 / Не драфтуван |
Проф. кариера | 1964–1979 |
Клубови | |
Како играч: | |
1964–1967 | КК Пирот |
1967–1971 | KK Партизан |
1971–1979 | KK Босна |
Како тренер: | |
1982–1987 | KK Босна |
1987–1993 | Германски Национален тим |
1993–2000 | Алба Берлин |
2000–2002 | Кошаркарски тим |
2001–2002 | RheinEnergie Köln |
2002–2004 | КК Барселона |
2004–2006 | Лотоматика Рома |
2006–2007 | Аксаву Гирона |
2007–2008 | Динамо Москва |
2008–2009 | КК Црвена Ѕвезда |
2010–2011 | КК Валенсија |
2011–2012 | KK Црвена Ѕвезда |
2012 | Машка кошаркарска репрезентација на Германија |
2012–2016 | КК Баерн Минхен |
2018–2020 | КК Барселона |
2021– сега | Машка кошаркарска репрезентација на Србија |
Репрезентација |
Светислав „Кари“ Пешиќ роден на 28 август 1949 година) е српски професионален кошаркарски тренер и поранелн играч кој е селектор на машката репрезентација на Србија.
Играчка кариера
[уреди | уреди извор]За време на неговата клупска играчка кариера, Пешиќ играл за КК Пирот (1964–1967), КК Партизан (1967–1971) и КК Босна (1971–1979). Како член на КК Босна, тој го освоил Купот на Југославија и првенството на Југословенската лига, во 1978 година. Исто така, го освоил шампионатот на ФИБА Купот на европските шампиони (Евролига) во 1979 година со КК Босна.[1]
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Клупска тренерска кариера
[уреди | уреди извор]На клупски план, Пешиќ ја освоил тројната круна во 2003 година, додека бил главен тренер на Барселона. На 16 ноември 2010 година, бил именуван за главен тренер на КК Валенсија, за остатокот од сезоната 2010-11.[2] Во ноември 2012 година, Пешиќ бил именуван за главен тренер на германскиот тим Баерн Минхен.[3] На 28 февруари 2015 година, го продолжил договорот со клубот до 2017 година. [4] На 24 јули 2016 година, тој го напуштил Баерн на негово барање, поради здравствени причини. [5]
На 9 февруари 2018 година, се вратил во КК Барселона како главен тренер на тимот, до крајот на сезоната.[6]
Селекторска кариера во националниот тим
[уреди | уреди извор]Пешиќ ја предводел југословенската јуниорска репрезентација, во која биле идните меѓународни ѕвезди Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ, Тони Кукоч и Дино Раѓа, до златниот медал на Светското јуниорско првенство на ФИБА во 1987 година (кој подоцна бил поделен на одделен под- 21 г. настан), победувајќи го тимот на САД двапати за време на турнирот.[7]
Како селектор на сениорската германска кошаркарска репрезентација, тој го освоил златниот медал на Европското првенство во кошарка од 1993 година (во организација на Германија).
Со сениорската страна на СР Југославија, Пешиќ освоил златни медали на Светското првенство на ФИБА во 2002 година, кое се одржало во Индијанаполис, и на Евробаскет 2001 година (во организација на Турција). Се повлекол од функцијата на 1 декември 2002 година.[8]
На 28 септември 2021 година, Кошаркарската федерација на Србија го ангажирала за селектор на машката репрезентација на Србија.[9] Пешиќ ја предводел Србија до сребрениот медал на Светскиот куп во кошарка на ФИБА во 2023 година и до бронзениот медал на Летните олимписки игри 2024 година.[10]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Заедно со српското, Пешиќ има и германско државјанство. Неговиот син Марко Пешиќ (роден 1976 година) е поранешен професионален кошаркар, кој ја претставувал репрезентацијата на Германија на четири големи турнири. Поранешниот германски кошаркар Јан Јагла е негов зет поради бракот со ќерката на Пешиќ, Ивана.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на главни тренери победници во Евролигата
- Список на главни тренери кои победиле на ФИБА Евробаскет
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Svetislav Pešić u Kući slavnih“. mozzartsport.com. Посетено на 30 March 2021.
- ↑ Power Electronics makes Pesic new boss!
- ↑ „Svetislav Pesic tabbed as new coach for Bayern Munich“. court-side.com. Посетено на 1 March 2015.
- ↑ „Pešić vodi Bajern do 2017“. b92.net (српски). 28 February 2015. Посетено на 1 March 2015.
- ↑ „Svetislav Pesic leaves Bayern Munich“. sportando.com. Посетено на 24 July 2016.
- ↑ „Svetislav Pesic will coach Barça Lassa until the end of the season | FC Barcelona“. FC Barcelona (англиски). Посетено на 9 February 2018.
- ↑ Woolf, Alexander (2002). „Sarajevo Airport: Prisoners of War“. Big Game, Small World: A Basketball Adventure. New York: Warner Books. стр. 90–107. ISBN 0-446-52601-0.
- ↑ „Svetislav Pešić napustio kormilo reprezentacije“ (Serbian). Vlada Republike Srbije. 1 December 2002. Посетено на 14 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „ZVANIČNO: Svetislav Pešić posle 20 godina na klupi reprezentacije“. mozzartsport.com. Посетено на 28 September 2021.
- ↑ „Србија освојила бронзану медаљу на Олимпијским играма!“. kss.rs (Serbian). 10 August 2024. Посетено на 10 August 2024.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Светислав Пешиќ на euroleague.net
- Светислав Пешиќ на acb.com (на шпански)
- Светислав Пешиќ на beko-bbl.de (на германски)