Светиот песок (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Светиот песок“ (српски: Свети песак) — српски и југословенски филм од 1968 година, режиран од Мирослав Антиќ. Главните улоги ги играат: Чедомир Михајловиќ, Тихомир Плескониќ и Желимира Жујовиќ. Филмот критички го разгледува тогашниот комунистички режим и со тоа се смета за дел од т.н. црн бран.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Еден човек, кој за време на Втората светска војна бил политички комесар на партизанска бригада станал политички неподобен за време на новата власт. Дваесет години по завршувањето на војната, тој доаѓа неповикан и отфрлен на местото каде се подига споменик на неговите мртви другари од војната. За време на свеченоста се споменуваат имињата на неговите мртви и живи соборци, но неговото име не е изговорено, како никогаш да не постоел...

Наводи[уреди | уреди извор]