Сент Хеленс (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Света Елена (планина))
Вулкан Сент Хеленс, јули 2007 година

Света Елена (англиски: Mount Saint Helens или Лувала Клоу, позната како Lawetlat'la на домородното индијанско племе Клоувиц, и Loowit на индијанското племе Кликитат) — планина и активен стратовулкан кој се наоѓа во округот Скаманија, во државата Вашингтон, во северозападниот дел на тихоокеанската област во САД. Сместена е на оддалеченост од 80 км североисточно од градот Портланд во државата Орегон и 154 км јужно од градот Сиетл, го државата Вашингтон. Планината Сент Хеленс го користи англиското име од британскиот дипломат Лорд Св. Хеленс, пријател на истражувачот Џорџ Ванкувер кој направил истражувања на областа во доцниот 18 век.[1] Вулканот се наоѓа на Каскадскиот масив и е дел од Каскадскиот вулкански лак, дел од Тихоокеанскиот Прстен на Огнот што вклучува повеќе од 160 активни вулкани. Овој вулкан е добро познат по неговите пепелни експлозии и пирокластични текови.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gnis.