Прејди на содржината

Света Гера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Телекомуникациска кула на РТВ Словенија

Света Гера (хрватски: „Sveta Gera“) или Трдинов Врв (словенечки: Trdinov vrh) — највисокиот врв на планините Жумберак, на височина од 1,178 м.[1] Се наоѓа по должина на границата меѓу југоисточна Словенија и Хрватска, а самитот е предмет на граничен спор меѓу двете нации.

Врвот првично бил наречен Свeта Гера на хрватски и Свeта Јера на словенечки (Планина Света Геритруда) по црквата на Гертруда Велика од 15 век, која се наоѓа неколку стотини метри од највисоката точка на врвот. Меѓутоа, во јуни 1921 година, претседателот на Планинарскиот клуб во Ново Место, Фердинанд Сајдл, предложил врвот да се преименува во чест на Јанез Трдина, страствен опишувач на регионот. Предлогот бил поднесен до централната југословенска влада, која на 1 јули 1922 година објавила указ за новото име.[2] На 15 август 1923 година, врвот свечено бил преименуван од словенечко девојче, додека придружните црковни ритуали биле извршени од хрватски свештеник.[3]

Граничен спор

[уреди | уреди извор]
Воена касарна на врвот на планината Света Гера

На врвот на Свeта Гера, на надморска височина од 1178 метри, се наоѓаат телекомуникациска кула и воена касарна, чија местоположба е стратешки важна за Хрватска. Касарната била користена од Југословенската народна армија (ЈНА) сè до почетокот на 1991 година, кога нејзините војници се повлекле од местото по распадот на Југославија. Во јуни истата година, словенечки војници влегле во касарната врз основа на усмен договор меѓу претседателите на Словенија и Хрватска, Милан Кучан и Фрањо Туѓман. Хрватскиот претседател Туѓман сметал дека за Хрватска би било подобро да избегне судири со пријателската словенечка војска на запад, бидејќи земјата била загрозена од непријателската ЈНА на исток.

Иако словенечката војска повеќепати најавувала дека нејзините војници ќе ја напуштат касарната, особено во 1998 и 2000 година, тоа не се случило.[4] Во 2004 година, претседателот Кучан во интервју за Вечерњи лист изјавил дека е време словенечките војници да ја напуштат касарната, додавајќи дека не постоела доволна волја кај словенечките власти да го сторат тоа.[5] На 29 јуни 2017 година, Арбитражниот трибунал на Постојаниот арбитражен суд, кој одлучувал за друг граничен спор меѓу Хрватска и Словенија, во својата пресуда споменал дека Свeта Гера навистина припаѓа на Хрватска, но дека нема надлежност да одлучува по ова прашање, ниту да нареди повлекување на словенечките војници.[6]

  1. „Trdinov vrh“. Hribi.net (English, Slovenian, и Croatian). Архивирано од изворникот на 2012-03-04. Посетено на 2011-01-12.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. Župančič, Jože (March 1962). „Pred 40 leti so dobili Gorjanci Trdinov vrh“ [40 Years Ago the Gorjanci Trdinov Got Its Name] (PDF). Planinski vestnik (Slovenian). XVIII (3): 133–134.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Gorjanci“. planinsko-drustvo-nm.si (Slovenian). Novo Mesto Mountaineering Club. Архивирано од изворникот на 2010-01-21. Посетено на 2008-09-19.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Na Svetoj Geri slovenski bunkeri i vojnici s pancirkama“ [On St Gera Slovenian bunkers and soldiers with bulletproof vests]. Vecernji.hr (Croatian). Посетено на 2017-07-01.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Više od 21 godine slovenske okupacije Svete Gere, kolumna“ [More than 21 years of Slovenian occupation of St. Gera, column]. Savjest.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-19. Посетено на 2017-07-01.
  6. „Sveta Gera na hrvatskom teritoriju, Joško Joras ostaje u Hrvatskoj“ [Sveta Gera on the Croatian territory, Joško Joras remains in Croatia]. Vecernji.hr (Croatian). Photographer: Duško Marušić/PIXSELL. Посетено на 2017-07-01.CS1-одржување: друго (link) CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)