Свен Крамер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свен Крамер
Sven Kramer (2009-01-11) crop-2.jpg
Свен Крамер по победата на Европското првенство во брзо лизгање во 2009 година во Херенвен
Лични податоци
НационалностХоланѓанец
Роден(а)23 април 1986 (1986-04-23) (36 г.)
Херенвен, Холандија
Висина1.87 м
Тежина83 кг
Порталwww.svenkramer.nl
Спорт
ЗемјаХоландија
СпортSpeed skating
Дисциплини5000 м, 10000 м
КлубТим ЛотоНЛ-Џамбо
Професионалец од2003
Повлечен(а)2022
Успеси и титули
Лични рекорди500 m: 36.17 (2009)
1500 m: 1:43.54 (2009)
3000 m: 3:37.39 (2019)
5000 m: 6:03:32 (2007)
10 000 m: 12:38.89 (2017)

Свен Крамер (холандски:Sven Kramer; роден на 23 април 1986 г.) е холандски натпреварувач во брзо лизгање на долги патеки кој победил на рекордни девет светски првенства во брзо лизгање, како и рекордни десет Европски првенства во брзо лизгање. Тој е олимписки шампион на 5000 метри на Олимписките игри во Ванкувер 2010, Сочи 2014 и Пјонгчанг 2018 година, и освоил рекордни 21 златен медал на Светското првенство во едно растојание; осум на 5.000 метри, пет на 10.000 метри и осум во екипно натпреварување. Крамер е актуелен светски рекордер во екипен пурсуит (заедно со Дуве де Врис и Марсел Боскер), а трипати ги соборувал светските рекорди на 5000 метри и на 10.000 метри. Со освојувањето на Светското првенство во 2010 година, Крамер станал првиот лизгач кој освоил четири последователни светски првенства и осум последователни меѓународни првенства. Тој победил на сите 18 меѓународни првенства на кои учествувал од сезоната 2006/2007 до сезоната 2016/2017. Од ноември 2007 до март 2009 година бил рангиран на првото место на Аделскандер листата,[1] но и покрај неговата доминација, тој бил престигнат на таа листа од Шани Дејвис и, од неодамна, од неговиот тимски колега Патрик Роест .

На 27 март 2020 година било објавено дека Крамер го продолжил договорот со тимот за брзо лизгање Џамбо-Визма до Зимските олимписки игри 2022 година.[2]

На 28 октомври 2021 година било објавено дека Свен ќе се пензионира во 2022 година.[3]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Свен Крамер е роден на 23 април 1986 година во Херенвен, Фризија, Холандија. Тој е син на поранешниот брз лизгач Јеп Крамер и е четири години постар од неговиот брат Брехт Крамер кој исто така се натпреварува во брзо лизгање. Свен Крамер е Фризиец.[4]

Од 2007 година тој е во врска со холандската хокејарка Наоми ван Ас и во октомври 2018 година им се родила ќерка.[5] [6]

Светски рекорди[уреди | уреди извор]

Настан Резултат Датум Локација Белешки
5000 метри 6:08.78 19 ноември 2005 Солт Лејк Сити
10000 метри 12:51.61 19 март 2006 Калгари
10000 метри 12:49,88 11 февруари 2007 Херенвен
5000 метри 6:07.48 3 март 2007 Калгари
10000 метри 12:41.69 10 март 2007 Солт Лејк Сити
Екипен пурсуит 3:37.80 11 март 2007 Солт Лејк Сити Заедно со Карл Верхејен и Ербен Венемарс
5000 метри 6:03.32 17 ноември 2007 Калгари
Екипен пурсуит 3:37.17 9 ноември 2013 Калгари Заедно со Коен Вервеј и Јан Блохујсен
Екипен пурсуит 3:35.60 16 ноември 2013 Солт Лејк Сити Заедно со Коен Вервеј и Јан Блохујсен
Екипен пурсуит 3:34.68 15 февруари 2020 Солт Лејк Сити Заедно со Дуве де Ври и Марсел Боскер

Олимписки рекорди[уреди | уреди извор]

Настан Резултат Датум Локација
5000 метри 6:09.76 11 февруари 2018 Гангнеунг, Пјонгчанг
Екипен пурсуит 3:37,71 22 февруари 2014 Сочи

Извор: Ванкувер 2010 Архивирано на 25 октомври 2009 г. [7] [8]

Преглед на Светските првенства[уреди | уреди извор]

Сезона 1500 метри
2004–2005
2005–2006
2006–2007 6-ти 7-ми
2007–2008 6-ти 20-ти Gold medal icon.svg 2-ро 4-ти
2008–2009 Gold medal icon.svg 11-ти 4-ти 6-ти
2009–2010 9-ти
2010–2011
2011–2012 2. (б)
2012–2013
2013–2014
2014–2015 8-ми 7-ми 7-ми
2015–2016 19-ти
2016–2017 Gold medal icon.svg 6-ти
2017–2018
2018–2019 4-ти (б)
2019–2020
2020–2021
2021–2022
Сезона 5000/10000 метар
2004–2005 6-ти 9-ти –* 5-ти –*
2005–2006 5-ти Gold medal icon.svg 5ти* 5-ти Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg
2006–2007 Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg –* Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg* Gold medal icon.svg
2007–2008 2-ро Gold medal icon.svg –* Gold medal icon.svg –* Gold medal icon.svg
2008–2009 Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg –* Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg * Gold medal icon.svg
2009–2010 Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg * Gold medal icon.svg
2010–2011
2011–2012 2-ро Gold medal icon.svg 9-ти * 2-ро –* Gold medal icon.svg
2012–2013 Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg –* Gold medal icon.svg –*
2013–2014 Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg *
2014–2015 Gold medal icon.svg –* Gold medal icon.svg
2015–2016 Gold medal icon.svg 2-ро* Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg
2016–2017 Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg –*
2017–2018 Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg * Gold medal icon.svg
2018–2019 –* 3-то
2019–2020 13-ти DQ
2020–2021 2-ро 3-то
2021–2022 9-ти (Б) -
Сезона Екипен пурсуит
2004–2005 година
2005–2006 година Gold medal icon.svg
2006–2007 година Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg
2007–2008 година Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg
2008–2009 година Gold medal icon.svg
2009–2010 година Gold medal icon.svg
2010–2011 година
2011–2012 година Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg
2012–2013 година Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg
2013–2014 година Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg
2014–2015 година Gold medal icon.svg
2015–2016 година Gold medal icon.svg
2016–2017 година Gold medal icon.svg Gold medal icon.svg
2017–2018 година Gold medal icon.svg
2018–2019 година
2019–2020 година
2020–2021 година Gold medal icon.svg 4-ти
2021–2022 година Gold medal icon.svg - -

Извор: [9]

  • – = не учествувал
  • * = 10000 м
  • (б) = Дивизија Б

Освоени медали[уреди | уреди извор]

Натпреварување Злато
Gold medal icon.svg
Сребро Бронза
Олимписки игри 4 2 3
Холандски единечни растојанија 20 6 6
Холандски повеќебој 16 6 3
Европски повеќебој 33 8 2
Европски единечни растојанија 2 1 0
Светски повеќебој 29 4 8
Светски единечни растојанија 21 3 2
Светско првенство 73 13 6
Светско јуниорско првенство 5 2 0

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Evert Stenlund (15 February 2010). „Adelskalendern“. evertstenlund.se. Посетено на 16 February 2010.
  2. „Kramer verlengt contract en gaat door tot Olympische Spelen in Peking“. nos.nl.
  3. „Laatste schaatsjaar Sven Kramer: "Ik heb minder houvast, maar wel het geloof in eigen kunnen". ad.nl.
  4. „Sven Kramer verovert zesde EK-titel allround“. de Volkskrant. 13 January 2013.
  5. „Naomi van As and Sven Kramer expect first baby |“. www.firstorderhistorians.com.
  6. „Naomi van As and Sven Kramer share their first baby photo | tellerreport.com“. www.tellerreport.com.
  7. „Speed skating, Men's 5000 m“. 2010 Winter Olympics. 13 February 2010. Архивирано од изворникот на 2010-04-08. Посетено на 14 February 2010.
  8. „Speed skating, Men's team pursuit“. 2010 Winter Olympics. 27 February 2010. Архивирано од изворникот на 2010-02-28. Посетено на 28 February 2010.
  9. „ISU Speed Skating Results - Live“. app.isuresults.eu.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]