Свахили (народ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свахили - народ во Источна Африка кој е дел од Банту-народите.

Особености[уреди | уреди извор]

Народот Свахили ја населува територијата по брегот на Источна Африка, од Мозамбик на југ до Сомалија на север. Токму поради оваа географска положба, народот Свахили дошол во допир со арапскиот свет и така постепено ја присвоил исламската култура. На тој начин, овој народ бил првиот од Банту-народите кој имал сопствена писмена традиција со повеќе книжевни родови - историски хроники, епски поеми со религиозно-филозофска содржина (познати како „тензи“), кратки лирски песни („машаири“), итн. Исто така, за разлика од другите Банту-народи, народот Свахили има народни приказни во кои се појавуваат не само животните, туку и луѓето и секојдневните настани од животот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Даница Јакшић, „Легенда о Лионго Фумо - израз племенитих стремљења“, во: Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 188-189.