Свакопмунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свакопмунд
Swakopmund
град
Поглед кон Свакопмунд
Поглед кон Свакопмунд
Грб на Свакопмунд
Гесло: Providentiae memor
Држава Намибија
РегионЕронго
ЕдиницаСвакопмунд
Основан4 август 1892
Површина[1]
 • Вкупна196,3 км2 (758 ми2)
Население (2011)[1][2]
 • Вкупно44.725
 • Густина227,8/км2 (5,900/ми2)
Часовен појасSAST (UTC+2)
Климаумерена пустинска
Мреж. местоswakop.com

Свакопмунд (германски: Swakopmund) — град во Намибија со околу 35,000 жители. Тој е основниот крајбрежен центар на Намибија. Административен центар на регионот Еронго и центар на администрацијата на Намибија во топлите месеци на годината. Воедно, тој претставува и едно од најзачуваните примери на германската колонијална архитектура во светот. Градот бил основан во 1892 како главно пристаниште на германската Југозападна Африка.

Повеќето од градовите и селата во Намибија настанале од домородни населби и најчесто се наоѓаат блиску до изворите на вода. Имињата на местата дадени од домородните жители се многу описни и во многу случаи овие имиња биле задржувани од европските колонизатори, кои понекогаш го упростувале изговорот на истите. Намското име за Свакопмунд било "Tsoakhaub", кое се однесува на водите од реката Свакоп кога таа е надојдена, носејќи притоа огромни количества на кал, песок, делови од растителноста и животински тела во Атлантскиот Океан.

Намското име беше сменето во "Свашауб" од страна на германските доселеници, а со прогласувањето на Свакопмунд за независна област од германската Југозападна Африка во 1896, денешниот начин на пишување на името на Свакопмунд дојде во употреба.

Историја[уреди | уреди извор]

Свакопмунд е основан во 1892 година, две години подоцна од Виндхук, од Капетан Курт фон Франсоа. Тој бил наменет за главно пристаниште на германска Југозападна Африка. Зголемениот сообраќај помеѓу Германија и нејзината колонија се зголемил, па затоа било потребно да се создаде сопствено германско пристаниште, бидејќи постоечкото Валфис Беј, на 33 км појужно, било заземено од Британците. Изборот паднал на место северно од реката Свакоп, бидејќи водата била достапна, а и бидејќи другите места биле непогодни.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Table 2.1 Population density by area“ (PDF). 2011 Population and Housing Census - Erongo Regional Profile. Namibia Statistics Agency. стр. 4. Посетено на 16 September 2017.
  2. „Table 4.2.2 Urban population by Census years (2001 and 2011)“ (PDF). Namibia 2011 - Population and Housing Census Main Report. Namibia Statistics Agency. стр. 39. Посетено на 16 September 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]