Свадба (филм)
„Свадба“ е југословенски филм од 1973 година, во режија на Радомир Шарановиќ. Сценариото е работено според истоимениот роман на Михаило Лалиќ од 1950 година.
Дејство
[уреди | уреди извор]Дејството се случува во 1943 година. Четниците, заедно со Италијанците, се борат против комунистите. Четничките одреди, под команда на мајорот Павле Ѓуришиќ (одредот Лимско-Санџачки), се наоѓаат во Колашин. Во овој град има затвор за заробени комунисти-партизани. Мајорот Ѓуришиќ (го игра Мандиќ) во април истата година ја откажал својата покорност кон Врховната команда и ја продолжил борбата против комунистите, заедно со Германците. Сепак, Германците ја започнуваат операцијата „Шварц“ против четниците. Мајорот Ѓуришиќ ги пречекува Германците во Колашин, сметајќи на сојузот, но тие го преземаат градот без борба и ги разоружуваат четниците.[1]
Улоги
[уреди | уреди извор]Драгомир Бојаниќ Гидра за улогата на партизанот Тадија Чемеркиќ на Филмскиот фестивал во Пула во 1974 година бил награден со „Златна арена“ за најдобра машка улога.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Свадба (пристапено на 10.3.2023)
- ↑ „In memoriam: 20 godina bez Dragomira Bojanića Gidre“. svet.rs. Архивирано од изворникот на 11 ноември 2013. Посетено на 29 јануари 2015.
- Југословенски филмови
- Филмови од 1973 година
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови на Радомир Шарановиќ
- Филмови со Драгомир Бојаниќ Гидра
- Филмови со Миша Јанкетиќ
- Филмови со Владимир Поповиќ
- Филмови со Свјетлана Кнежевиќ
- Филмови со Мило Мирановиќ
- Филмови со Чедомир Вукaновиќ
- Филмови со Вељко Мандиќ
- Филмови со Љиљана Контиќ
- Филмови со Јован Никчевиќ
- Филмови со Гојко Ковачевиќ
- Филмови чие дејствие се одвива во Црна Гора
- Партизански филмови
- Филмови за Втората светска војна
- Филмови засновани на романи