Сашо Татарчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сашо Татарчевски - македонски диригент и универзитетски професор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Татарчевски е роден во Битола, каде го започнал своето музичко образование. Дипломирал и магистрирал на катедрите за оркестарско и хорско диригирање при Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класите на Фимчо Муратовски, Драган Шуплевски и Саша Николовски. Исто така, тој посетувал и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Санкт Петербург и Фиренца, каде соработувал со познати светски диригенти, како: Хелмут Рилинг, Франческо Каротенуто, Марк Горенштајн, Михаил Јуровски и Сајмон Керингтон. Татарчевски работи како професор на ФМУ во Скопје, каде предава група предмети од областа на диригирањето.[1]

Музичка дејност[уреди | уреди извор]

Татарчевски настапувал со повеќе музички ансамбли, како: Македонската филхармонија, Битолскиот камерен оркестар, Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж и Младинскиот симфониски оркестар од Санкт Петербург, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Симфонискиот оркестар на ФМУ, камерниот оркестарСолисти на ФМУ“, хоровите „Магнолија“ од Словачка, „Кантемус“ од Унгарија и „Иполитов-Иванов“ од Русија, итн. Тој бил диригент на Симфонискиот оркестар на ФМУ и на мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на мешаниот хор „Про Арс“ и на Женскиот младински хор при МКЦ. Татарчевски настапувал на сцените во повеќе земји, како: Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Чешка, Бугарија, Турција, Франција, Романија, Полска, Австрија и Русија. Исто така, тој бил член на жири-комисии на меѓународни натпревари, а предавал на семинари и на мастер класи за диригирање и за хорска музика. Во 2014 година бил назначен за уметнички директор на Меѓународниот хорски форум во Струга. За својата уметничка дејност, Татарчевски освоил повеќе награди на меѓународни настапи и на конкурси, а добитник е и на наградата „Георги Божиков“ што ја доделува СОКОМ.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Концерт на факултетот за музичка уметност - Скопје, 6.12.2017.