Прејди на содржината

Сашо Панов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сашо Панов
Роден 1943
Скопје,  Кралство Југославија
Починал 26 ноември 2017
Попова Шапка, Тетовско, Македонија Македонија
Занимање режисер, спортист и уметник

Сашо Панов ( 1943, Скопје - 26 ноември 2017, Попова Шапка, Тетовско) — македонски режисер, сликар и спортист. Тој бил југословенски и светски првак за инвалиди во алпско скијање, а бил и меѓу најдобрите македонски пингпонгари. Играл и фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Панов е роден во Скопје во 1943 година. Тој прво се запишал и дипломира сликарство на белградската академија, а подоцна продолжил и дипломира сценографија со режија на Академијата во Софија. Тој има полно ателје со слики и со икони во својот дом во Скопје и на Попова Шапка. Иконостасот од „Тајната вечера“, кој е огромен и зазема еден цел ѕид, според него, е неговото ремек-дело. Негово дело се и иконите во црквата на Попова Шапка. Спортувал во клубовите СК Младост, СК Лисец, ТК Југ, пингпонгарски клуб Еврејско Маало Успеси, како и тениските клубови ТК Југ и СК Лисец. Бил светски скијачки првак за лица со инвалидитет во 1973 година во Куршевел, а учествувал и на Олимпијадата за инвалиди во Шведска. Бил повеќекратен првак на Македонија во алпско скијање и во тенис, вицешампион во пинг-понг и полуфиналист на младинските тениски првенства на Југославија. Панов својот работен век го поминал во ТВ Скопје, подоцна МТВ, како режисер, најчесто на спортските преноси. Тој бил и во тимот на МТВ на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година. Заедно со Скендер Кули тие ги реализирале хокеарските преноси од салата „Скендерија“, за што добиле највисоки оценки од хокеарските стручњаци.

Панов бил реализатор и на СП во кајак на диви води во 1975 година, како и на СП во борење во Скопје во 1981 година. По заминувањето во пензија, постојано живеел на Попова Шапка во неговата викендичка поради што и ја добил почесната титула „Градоначалник на Попова Шапка“.[1] Во пензионерските денови доста слика и викендичка ја претворил во ликовно ателје. Сликал пејзажи, актови, астракции, икони, кучето шарпланинец му била омилена сликарска тема како и убавините на Шара. На 26 ноември 2017 година, полицијата го пронашла неговото безживотно тело во викендичката. Почива во Скопје.[2]